Врз основа на член 23 став 3 oд Законот за угостителска дејност и член 21 точка 35 од Статутот на Општина Штип, Советот на Општина Штип на седница одржана на 1 август 2012 годнина донесе ОДЛУКА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ ЗА ДВА ЧАСА за ден на градот Св Никола(два дена).
Угостителските објекти за време на 18.12 и 19.12 ќе работат со продолжено работно време до 2 по полноќ. Угостителските објекти што се наоѓаат во колективни станбени згради можат да го продолжат работното време за само 1 час.