СООПШТЕНИЕ
За организирање на јавна презентација и јавна анкета
По предлог Локална урбанистичка планска документација КО Караорман – вон градежен реон, КП бр. 557/1, Општина Штип со тех. бр. 17/19 , изработен од
ЈП “СТИПИОН 2011” Штип.
Опфатот е дефиниран :
- Од север граничи со КП бр.620, КО Караорман – вон градежен реон
- Од запад до граничи со КПбр. 558//1, КО Караорман – вон градежен реон
- Од исток со КП бр.557/2 , КО Караорман – вон градежен реон
- Од југ со КП бр. 558/1, КО Караорман – вон градежен реон Опфатот е со површина од 2,0ха.
Јавната анкета и јавната презентација по предлог Локална урбанистичка планска документација КО Караорман – вон грдежен реон, КП бр. 557/1, Општина Штип ќе се спроведе со излагање на Предлог ЛУПД во просториите на локалната самоуправа на Општина Штип.
Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението,секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 26.12.2019 година во 12:00 часот во просториите на Општина Штип.