Во чест на депортираните Евреи од Штип во 1985 год. е подигнат споменик. Споменикот е дело на уметникот Методи Андонов и го симболизира животниот пат на Евреите. Линијата на животот е прекината на 11 март 1943 год. кога 551 лица се депортирани од Штип и убиени во концентрациониот логор Треблинка. Споменикот се наоѓа до зградата на Заводот и Музеј – Штип.
СПОДЕЛИ