| Честитка од Градоначалникот по повод 2 август |
| Петок, 30 Јули 2010 09:44 | |||
|
По повод претстојниот 2 август, во знак на двата историски Илиндена, во чест на Денот на Републиката, од мое лично име и од име на Општина Штип, Ви упатувам срдечни честитки за овој голем национален празник, со цел истовремено и да оддадеме почит на историјата и достоинствено да ја продолжиме вековната истрајност и заедништвото на македонскиот народ. Затоа што годинава изминуваат 107 години од Илинденското востание и 66 години од првото заседание на АСНОМ, со гордост да го потврдиме и фактот дека овие датуми се вкоренети во колективната меморија на нашиот народ, претставуваат темел на македонскиот непокор и слобода и важен стимул за цврсто чекорење во заедништво, толенција, соживот и остварување на идеите. Нашата заедничка иднина е во држава со просперитетна иднина, во општина како Штип што е заеднички дом за сите нас без разлика на верската, националната и етничката припадност. Срдечно им посакувам на сите свои сограѓани слободата, прогресот и личните здравје и среќа да им бидат најзначајни обележја. За многу години! Честит Илинден!
Градоначалник на Општина Штип, д-р Зоран Алексов
|