Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Услуги и информирање на граѓаните Постапка за остварување на правото на слободен пристап до информации
Постапка за остварување на правото на слободен пристап до информации

Усно или писмено барање

Член 12

(1) Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис.

(2) Барателот е должен во барањето да се произнесе за начинот на натамошната комуникација со имателот на информацијата и тоа усно, во писмена форма или во електронска форма.

(3) Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис.

Усно барање

Член 13

(1) Ако барателот бара пристап до информација со усно барање, имателот на информацијата е должен на барателот да му овозможи пристап до информацијата, на начин со кој барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина, за што имателот на информацијата составува записник, освен ако се работи за информации од членот 6 став (1) од овој закон.

(2) Ако имателот на информацијата позитивно одговори на барањето од ставот (1) на овој член, веднаш, а најдоцна во рок од пет дена од денот на поднесување на барањето, овозможува запознавање со содржината на бараната информација на начин што му дава на увид или му обезбедува препис, фотокопија или електронски запис од бараната информација. (3) Ако имателот на информацијата одговори негативно на барањето или не може веднаш да одговори на барањето, како и ако барателот има устен или писмен приговор на начинот на запознавањето со информацијата, службеното лице за посредување со информации е должно за барањето да изготви решение во кое ќе внесе податоци за барателот, датумот на прием на барањето и да го извести барателот за посебното барање, односно за бараната информација. (4) Против решението од ставот (3) на овој член, барателот на информација има право на жалба до Агенцијата, во рок од 15 дена од приемот на решението.

(5) Во случаите од ставот (3) на овој член натамошната постапка по усно барање продолжува како по писмено барање во согласност со овој закон.

Писмено барање

Член 14

(1) За писменото барање за пристап до информации одлучува имателот на информации во постапка утврдена со овој закон.

(2) За прашања на постапката од ставот (1) на овој член кои не се уредени со овој закон, се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.

Поднесување на барањето

Член 15

(1)  Барањето за пристап до информации го поднесува барателот до имателот на информации. (2) Барањето од ставот (1) на овој член поднесено во електронска форма се смета за писмено барање од членот 14 од овој закон.

Содржина на барањето

 

Член 16

(1) Формата на образецот на барањето за пристап до информациите ја пропишува директорот на Агенцијата и имателот на информацијата е должен да му го обезбеди образецот на барателот.

(2) Барањето се поднесува на образецот од ставот (1) на овој член или во друга форма и на начин согласно со членот 12 став (1) од овој закон.

(3) Барањето содржи назив на имателот на информацијата, личното име и презиме на барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице.

(4) Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис).

(5) Барателот не е должен да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за барање за пристап до информации.

(6) Ако според предметот на барањето произлегува дека се работи за барање за пристап до информации согласно со овој закон, имателот на информацијата задолжително го разгледува барањето во согласност со овој закон.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Јануари 2022
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize