Дома Урбанизам, градежништво и ЗЖС Изложба „Ана Франк – историја за денес“ во ОМЦ „Киро Глигоров“ Штип
Изложба „Ана Франк – историја за денес“ во ОМЦ „Киро Глигоров“ Штип

opstina-stip-zgrada-4Патувачката изложба „Ана Франк – историја за денес“ на триесетина изложбени панели донесува бројни детали од животот на еврејското девојче и нејзиното семејство на крајот на Втората светска војна, но и го актуелизира прашањето за повторната појава на нацистичката идеологија во современиот свет.

Изложбата е остварена во склоп на проектот Хисторија, историја, повјест, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам.

Девојчето, во целиот свет препознаено како симбол на детските жртви на холокаустот, е родено во Франкфурт на Мајна во 1929 година. Четири години подоцна со семејството се сели во Амстердам, по што во Германија на сила стапуваат противеврејските закони. Кога и животот во Амстердам станува сè поопасен за Ана и нејзиното семејство, тие се селат во тајното скривалиште каде што Ана во текот на две години пишува дневник. Во август 1944 година е забележан последниот запис во дневникот, а набргу е откриено и скривалиштето во кое се криела со семејството. Петнаесетгодишната Ана умира во логор. Единствениот преживеан член на семејството е Ото Франк, нејзиниот татко, кој го објавил нејзиниот дневник.

Посетителите низ изложбата ќе ги водат посебно обучени ученици водичи, волонтери на изложбата.

Изложбата „Ана Франк – историја за денес“ е бесплатна и отворена за јавноста од 20.02.2018 г. до 06.03.2018 г., во просториите на Општински Мултимедијален центар „Киро Глигоров“, каде ќе се одржуваат и организирани групни посети за средните и основните училишта.

Отворањето на изложбата ќе биде утре, на 20.02.2018 г., во 18:00 часот во Општински Мултимедијален центар „Киро Глигоров“ Штип.

Изложбата можете да ја разгледате секој ден од 10:00 до 15:00 часот.

За дополнителни информации и пријава на организирани посети можете да ги контактирате Билјана Казанџиска од Сектор за јавни дејности при Општина Штип и Кирил Панајотов од ОМЦ „Киро Глигоров“ Штип.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Август 2018
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize