Дома Соопштенија Честитка по повод 8 септември – Ден на независноста на Македонија
Честитка по повод 8 септември – Ден на независноста на Македонија
Понеделник, 07 Септември 2020 14:01

Jane MilanovЗаменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов упати честитка до граѓаните на општина Штип, по повод 8 септември – Денот на независноста на Македонија, во која се вели:

„Почитувани сограѓани,

Ја користам оваа прилика во пресрет на 8 септември – Денот на независноста на нашата држава да ви се обратам и да ви упатам честитки со желби за ваша лична среќа, здравје и успеси.

Стремежот, желбите и идеите за слободна и независна држава на нашите сограѓани се оствариле токму на овој ден, 8 септември.

Овој историски датум е важен за сите денешни, но и идни генерации, ден кога се оствари познатата изрека на првиот претседател на државата Киро Глигоров – „Да бидеме свои на своето. Да бидеме широко отворени кон светот, како целосно независен, рамноправен и творечки субјект“.

Денес имаме држава подготвена и исправена да чекоти по европскиот пат, членка на НАТО, со трајно обезбеден мир и стабилност.

Ако сакаме нашите идни генерации, своите лични и професионални планови да ги креираат на домашна адреса, треба заеднички да работиме на тоа, да градиме држава во која ќе има место за сите.

Почитувани сограѓани,

Исправени сме пред предизвик за иднината на државата, дали идните генерации ќе се гордеат со денешните наши одлуки зависи единствено од нас.

Честит 8 септември – Ден на независноста на нашата држава,“ стои во честитката од заменик градоначалникот Јане Миланов.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Септември 2020
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize