Дома Соопштенија Писмена реакција на денешната прес конференција на ГДУ
Писмена реакција на денешната прес конференција на ГДУ
Вторник, 03 Септември 2019 13:02

opstina-stip-zgrada-3Општинна Штип апелира до ГДУ да не ги потценува граѓаните со тоа што двајца членови на таа партија константно ја критикуваат секоја тема, без доволно познавање и без консултација со стручни лица.

Опшина Штип за ова сообраќајно решение реагираше на барање на жителите од населба Кадидаре, кое како што нагласивме во одреден период од денот даваше позитивни резултати, а во ударните термини се правеше метеж пред неколку институции во овој дел од градот.

За информација на ГДУ, локалната самоуправа во централното градско подрачје изгради паркинг платформа со капацитет од 40 паркинг места, која ги дава своите позитивни резултати.

Интензивно се работи на мостот на река Брегалница и започнато е поставување на одредени елементи кои се потребни за почеток на монтажа, наскоро граѓаните на Штип ќе добијат мост на река Брегалница, што претставува дополнително растеретување на сообраќајот.

Недоволното познавање на ГДУ во областите кадешто Општината има ингеренции, нема да ги реши проблемите на граѓаните.

Затоа додека ние работиме и ги решаваме проблемите во градот, вие се занимавате со невистини, голи критики без никакви анализи.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2019
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize