Дома Соопштенија Промена на сообраќаен режим
Промена на сообраќаен режим
Четврток, 29 Август 2019 15:07

opstina-stip-zgrada-3Се известуваат граѓаните дека од 30.08.2019 г., ќе се изврши промена на насоките на движење на мостовите кај Гимназијата и Каменик мост.

Имајќи го во предвид воведувањето на еднонасочниот режим во централното градско подрачје, а со тоа и првобитната насока на движење на конкретните мостови како оптимална во однос на најкратки релации и непреченото одвивање на сообраќајот на овие делници во период од седум години, пред шест месеци на барање на значителна група на граѓани се изврши промена на насоките на движење на мостовите.

Ова решение не ги даде очекуваните резултати , поради што се пристапува кон оваа мерка пред самиот почеток на школската година за избегнување на зачепувањата на сообраќајот на критичните делници.

Општина Штип ќе пристапи кон сериозно решавање на проблемот на одвивање на сообраќајот во централното градско подрачје со соодветна анализа и произлегување на решенија од стручни институции се со цел на реализирање на подолгорочни решенија.

Се апелира до граѓаните на зголемено внимание како учесници во сообраќајот од сите категории во почетокот на воведувањето на режимот.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Септември 2019
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize