Дома Соопштенија Честитка по повод празникот Курбан Бајрам
Честитка по повод празникот Курбан Бајрам
Недела, 11 Август 2019 14:21

opstina-stip-zgrada-3Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, до сите верници од муслиманска вероисповед испраќа топла и срдечна честитка.

„Дозволете ми на сите припадници на Исламот да им посакам овој празник - Курбан Бајрам да им донесе мир, спокој и бериќет. Во суштината на овој голем празник е идејата дека добрината треба да биде водилка во спроведувањето на секојдневните активности и интеракциите со нашето опкружување. Сите ние го прифаќаме принципот наша главна оставштина да биде добрината која ќе ја почувствуваат сите во општеството, а особено оние на кои им е најпотребна нашата помош.

Вредностите што празникот ги слави и возвишува се универзални и ги поврзуваат сите различни групи луѓе. Тоа се вредности како што се помагањето и солидарноста со пријателите, со соседите, со сите коишто се околу нас, тоа се вредности кои сите заедно треба да ги негуваме и одржуваме.

Пораката која сите можеме да ја извлечеме од Курбан Бајрам е дека треба постојано да ја негуваме добрината кон другиот, добрината кон различните. Тоа е порака водилка и за сите нас, затоа што на тој начин ќе успееме во нашите напори да ја зајакнуваме нашата општествена заедница и тоа токму во духот на максимата „едно општество за сите“, затоа што тоа е единствен пат кој води до наш заеднички дом, во кој секој граѓанин има рамноправен пристап до исти услови за живот, среќа и реализација на сопствените амбиции,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2019
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize