Дома Соопштенија Честитка по повод 9 мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот
Честитка по повод 9 мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот
Четврток, 09 Мај 2019 12:08

Blagoj BocvarskiГрадоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упатува честитки по повод 9 мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, во која се вели:

„Почитувани сограѓани

На сите вам сакам да ви го честитам денешниот важен датум, 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Нека овој датум не потсетува сите нас за завршувањето на немирите, убивањата и сите они штети нанесени врз човештвото.

Победата над фашизмот значеше нов почеток за Европа и за светот, нови можности за пријателства помеѓу граѓаните.

Нашата држава беше силно сплотена во борбата против фашистичкиот окупатор и затоа денес како земја која застана на вистинската страна со гордост ја славиме оваа победа над фашизмот.

Република Северна Македонија денес забрзано чекори кон портите на Европската унија, затоа што наместо поделби, се обединивме, затоа што наместо раздор, се сплотивме и цврсто сме решени да бидеме рамо до рамо со високоразвиените Европски држави.

На сите сограѓани им го честитам Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа и им посакувам слобода, мир и благосостојба,“ стои во честитката на градоначалникот Бочварски.

 

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Октомври 2019
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize