Дома Соопштенија Честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април
Честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април
Понеделник, 08 Април 2019 13:20

Blagoj BocvarskiГрадоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упатува честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, на сите сограѓани од ромската заедница.

„Во мое име и во име на Општина Штип на сите наши сограѓани од ромската етничка заедница им го честитам Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Штип е прогласен за најпријателска ромска Општина, што покажува дека сме на вистинскиот пат за градење на едно општество за сите.

Во изминатиов период вложуваме многу средства за изработка на проекти за комунална инфраструктура токму во населбата каде најбројни жители се токму нашите сограѓани Роми.

Со овие инвестиции и проекти го намалуваме јазот во квалитетот на домување помеѓу ромската и неромските заедници во Република Северна Македонија. На тој начин се поврзуваат и унапредуваат сите делови од општината, со што се овозможува рамномерен развој и елиминација на гетоизирачките и изолирачките процеси кои таргетираат само една малцинска група и само селектирани територии.

Услугите на институциите се еднакво достапни за сите. Затоа е особено важно за сите, за целиот наш колектив, да се дојде до задоволителни состојби кои ќе обезбедат подобар квалитет на живеење на Ромите во сите градски населби.

Ние како локална власт се вклучуваме директно во надминувањето на проблемите и предрасудите со кои граѓаните од ромската заедница се соочуваат и ќе ги обезбедиме сите права и обврски кои ви се загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија.

На вистинскиот пат сме. Да се упатиме сплотени заедно напред кон постигнување на нашите цели за инклузивно општество во кое за секој чинител има безбеден дом и заедница, како дел од предусловите за мирен и достоинствен живот за сите. Нека ви е честит Меѓународниот ден на Ромите – 8 април,“ стои во честитката на градоначалникот Бочварски.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2019
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize