Дома Соопштенија Писмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Писмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Четврток, 24 Јануари 2019 13:35

За информација на граѓаните и на опозициската партија, во период на ладни температури и врнежи од снег, невозможни се градежни зафати.

Во идниот период, се очекува затоплување и секако локалната власт ќе продолжи со реализирање на многу проекти коишто се барање на граѓаните, како и коритото на река Отиња.

Кога веќе се зборува за започнување и завршување на проекти, опозициската партија треба да ја извести јавноста зошто на седница на Совет на Општина Штип, гласаше воздржано за нова детска градинка во населба Сењак, чијашто изградба е веќе започната.

Ако на самиот почеток на мандатот на новата локална власт, во општинската каса имаше само 3 милиони денари, за само една година се вложија околу 3 милиони евра во инфраструктури кои го даваат растот и развојот на Штип.

Изградена е нова паркинг платформа, интензивно се работи на гасификација на Штип како и на брана на реката Отиња, водовод до населбата Балканска, се проектира градски стадион со над 5500 гледачи, за 10% проценти е намалена водата, која во 2011 година беше покачена за високи 39%, јавното претпријатие „Исар“ од заштеди набави нови машини, изградени и реконструирани се околу 5 километри водоводна и канализациона линија, извршена е реконструкција на постоечки и изградба на нови улици и пристапни патеки во должина од околу 7 километри, изградена и санирана е 4000 метри квадратни инфраструктура за пешаци.

Сите овие проекти и инфраструктурни зафати беа мисловна именка за граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ беше власт во Општина Штип!

 

 

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Мај 2019
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize