Дома Соопштенија Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Четврток, 17 Јануари 2019 15:02

Општина Штип целосно ги демантира лагите на опозициската партија која се обидува да наметне лажна слика за состојбите во градот.

Во изминатиот период јавните претпријатија со своите капацитети беа на терен и за време на снежните наности се чистеа улиците во градот, општината и оние коишто беа потешко достапни. ЈП „Исар“ со над 90 вработени ги чистеше тротоарите во централното градско подрачје и во периферниот дел, со цел непречено движење, за што сведоци се и самите граѓани.

ЈП „Стипион 2011“ беше 24 часа на терен и успешно се справуваше со снежните наноси, со што придонесоа улиците во градот да бидат чисти и добро проодни.

За информација на граѓаните, во Општина Штип се работи на капитални објекти како брана на реката Отиња, гасификација на градот и нова детска градинка во населба Сењак.

Покрај овие крупни проекти секојдневно ги решаваме тековните потреби на граѓаните.

Како за пример еве денеска, градоначалникот Бочварски посети две основни училишта каде се инвестира над 4 милиони денари за реконструкција и подобрување на условите за настава. Општина Штип вложи над 120.000 евра за подобрување на условите во сите основни училишта.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Мај 2019
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize