Дома Соопштенија Поздравно обраќање, 19 декември празник „Свети Никола“
Поздравно обраќање, 19 декември празник „Свети Никола“
Среда, 19 Декември 2018 14:40

Blagoj BocvarskiВаше Високо-пресвештенство, Митрополит брегалнички, Господин Иларион,

Почитувани архиереи и свештеници,

Драги сограѓани,

Дами и господа,

 

Дозволете најпрво од свое лично и од име на Општина Штип да го честитам големиот христијански празник Св. Никола. Нека ни е честит денот и вековит Патронот на градот!

Чествувањето на денешниот празник го започнавме со пригодна свеченост – Концерт на Градскиот хор во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, додека во текот на вчерашниот ден присуствувавме на празничната вечерна литургија во соборниот храм „Свети Никола“, во чии рамки за време на свечената академија ги врачивме традиционалните признанија и Орденот на годинешните добитници, кои со својот личен придонес, се впишаа на листата на заслужни личности за развојот на нашиот град.

Денес, низата активности во чест на „Св. Никола“ ја продолжуваме со светата архиерејска литургија и литија, како и со чинот на кршење на славскиот колач.

Во знакот на празничната симболика, би посакал заеднички да ги негуваме различностите и да го надградуваме богатството на традициите, независно од нашата етничка, верска и идеолошка припадност.

За успешна и просперитетна Македонија во која живеат задоволни граѓани.
Нека ни е вековит празникот!

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Мај 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize