Дома Соопштенија честитка по повод Ден на АРМ
честитка по повод Ден на АРМ
Петок, 17 Август 2018 12:19

BlagojBocvarskiГрадоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска по повод Ден на Армијата на Република Македонија упати честитка до припадниците на АРМ и на граѓаните на Република Македонија, во која се вели:

„Во мое лично име и во име на Општина Штип го честитам денот на Армијата на Република Македонија.Денес Република Македонија минува низ процес на напредок и промени. Процес што значи темелно и суштински подобрување на работата на институциите во државата. Денес се наоѓаме пред портите на ЕУ и НАТО, земја пријател и партнер со своите соседи. Денес сме пред донесување на голема и сериозна одлука, да се биде или не. За сите овие успеси, меѓу другите и вие како припадници на воените сили на Републик Македонија сте не помалку заслужни. Вие сте првата борбена линија на татковината не само од надворешни опасности туку и при природни катастрофи и непогоди и тоа граѓаните добро го препознаваат и почитуваат. Процесот на реформи низ кој минува нашата држава, мора да обезбеди подобро функционирање на АРМ, па затоа иднината на Република Македонија е во полноправната интеграција во ЕУ и НАТО. За крај да ви посакам бројни успеси во иднина и заеднички да ги оствариме заложбите за подобро општество и интегрирање на Македонија во евро-атланските структури. Однапред ви благодарам на професионалноста,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize