Дома Соопштенија Повик за голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ
Повик за голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ
Петок, 13 Јули 2018 09:47

Proslava-MK-NATO-EU-01Македонија вчера оствари историски успех – доби покана за влез во НАТО.

Врвните стратешки цели и интереси на нашата земја конечно се остваруваат. Македонија станува триесеттата членка на НАТО, а македонското знаме ќе се вее пред седиштето на НАТО во Брисел.

Истовремено, Македонија доби датум за почеток на преговори за полноправно членство во Европската Унија.

Изминативе неколку месеци, Македонија зачекорува во ново време, време на надеж, победи и гордост.

Меѓународната заедница ги препознава позитивните промени во нашата земја, како и динамичниот процес на реформи и унапредување на општествениот дијалог.

Ова е голем успех за Македонија, постигнат со силна желба за подобра сегашност и иднина на нашите граѓани.

Затоа, ве поканувам сите Proslava-MK-NATO-EU-02заедно да се обединиме и да го прославиме историскиот успех на Македонија на голема граѓанска прослава. Големата граѓанска прослава ќе се одржи во 15 градови ширум земјава, меѓу кои и во нашиот град. Ги поканувам сите штипјани, но и сите граѓани од регионов, утре вечер во 21 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип заедно да ги прославиме нашите успеси.

Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ!

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize