Дома Соопштенија честитка по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“
честитка по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“
Среда, 23 Мај 2018 11:56

opstina-stip-zgrada-3Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска, по повод 24 мај -Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј упатува честитка до граѓаните во која се вели:

„Дозволете ми, во мое лично име и во име на Општина Штип, да упатам искрени честитки по повод овој голем ден со желби за понатамошен успех во промоцијата на посебноста на македонскиот народ и неговата традиција и култура.

Историски и културолошки значајното дело на словенските просветители претставува огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските традиционални и културни карактеристики.

Поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи е само дел од придобивките со кои нè задолжија сесловенските браќа Кирил и Методиј. Нивната благородна мисија денес обединува многу народи, кои преку писменоста како едно од основните обележја, вложуваат во промоцијата на сопствената историја, култура и традиција.

Нека ни е честит денот на сесловенските просветители,“ стои во честитката на градоначалникот Бочварски.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Јуни 2018
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize