Дома Соопштенија честитка по повод Националниот ден на Власите до припадниците на влашката заедница
честитка по повод Националниот ден на Власите до припадниците на влашката заедница
Среда, 23 Мај 2018 11:45

opstina zgrada 1 resizeГрадоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска, по повод Националниот ден на Власите упати честитка до сите припадници на влашката заедница, во која се вели:

„Дозволете ми во лично име и од името на Општина Штип, по повод Националниот ден на Власите – 23 мај, на сите припадници на влашката заедница да им го честитам овој голем ден, со искрени желби за успешно промовирање и негување на влашката култура и традиција во Република Македонија.

Власите имаат значаен придонес во градењето на македонската држава и во негувањето на различностите и меѓуетничката толеранција во нашето општество преку промовирањето на сопствените културни вредности.

Со заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи даваме пример и праќаме порака за почитување и соживот, за едно општество за сите.

Со искрени желби за добро здравје, меѓусебно почитување и разбирање, им посакувам мир и општа благосостојба на сите граѓани на Република Македонија,“ стои во честитката на градоначалникот Бочварски.

 

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Септември 2018
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize