Дома Соопштенија Честитка по повод празникот Богојавление – Водици до верниците од православна вероисповед
Честитка по повод празникот Богојавление – Водици до верниците од православна вероисповед
Четврток, 18 Јануари 2018 14:37

opstina-stip-zgrada-3Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, за големиот христијански празник Богојавление – Водици, до митрополитот на Брегалничката Епархија, Иларион, и до сите верници од православна вероисповед упати честитка, во која се вели:

„На Вас, на граѓаните кои празнуваат, го честитам големиот христијански празник Богојавление - Водици.

Овој празник на духовното раѓање нека нѐ поттикне и охрабри сите да одговориме несебично на нашите обврски за добросостојба, хармонија и мир во заедницата во којашто сите живееме и го споделуваме секојдневието.

На сите верници, пожелувам празникот да го поминат во спокој, меѓу семејството и саканите, исполнети со љубов, со духовна подготвеност за меѓусебно разбирање, почитување, независно од различностите по која било основа.

Само посветени на овие темелни вредности на човековата личност, можеме да обезбедиме спокоен и достоинствен живот за сите, индивидуален и колективен мир.

Пожелувам празникот да го поминете меѓу саканите во духовен мир.

Среќен празник!“

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Февруари 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize