Дома Соопштенија Честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април
Честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април
Четврток, 05 Април 2018 14:25

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упатува честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, на сите сограѓани од ромската заедница.

„Во мое име и во име на Општина Штип го честитам Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, на сите наши сограѓани од ромската заедница. Доделената награда за најпријателска ромска Општина е доказ дека сме на вистинскиот пат за градење на едно опшстество за сите.

Вие Ромите сте наши сограѓани, дел од нашето приватно и професионално секојдневие и затоа денес во 21 век треба еднакво да се градите во сите делови од општественото живеење. Ние како локална власт се вклучуваме директно во надминувањето на проблемите и предрасудите со кои вие граѓаните од ромската заедница се соочувате и ќе ги обезбедиме сите права и обврски кои ви се загарантирани со Уставот на Република Македонија.

Ве повикувам сите заедно да се исправиме пред предизвиците кои надвиснуваат над ова општество, затоа што сега повеќе од кога било е важно да бидеме сплотени. Нека ви е честит интернационалниот ден на Ромите – 8 април,“ стои во честитката на градоначалникот Бочварски.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Април 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize