Дома Соопштенија честитка по повод празникот Велигден
честитка по повод празникот Велигден
Четврток, 05 Април 2018 14:15

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден, упати честитка до митрополитот на Брегалничката Епархија, Иларион и до сите верници од православната вероисповед.

 Дозволете ми на сите православни верници во Општина Штип, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот.

Да се живее спокојно, значи да се живее во мир и хармонија со семејството и своите сограѓани. Ова е период кога треба да покажеме трпеливост и мудрост, како што доликува на нас, достоинствените граѓани на оваа држава, кои се грижат за неа, се грижат меѓусебно едни за други и за своите идни генерации. Затоа имаме право да чекориме по патот на духовниот и општествениот развој.

Вербата за подобро утре е она што досега нè водеше. Одлучноста е она што ќе продолжи да нè води по патот на правдата и просперитетот, пат кој ќе придонесе за развој на нашата татковина. Ви пожелувам среќни празнични денови поминати во семеен мир, на сите вас кои го празнувате овој голем христијански празник.

Среќен Велигден,“ стои во честитката на градоначалникот Бочварски.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Април 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize