Дома Соопштенија Честитка од градоначалникот на Штип, по повод 8.ми април, Меѓунардониот ден на Ромите
Честитка од градоначалникот на Штип, по повод 8.ми април, Меѓунардониот ден на Ромите
Понеделник, 10 Април 2017 07:50

gradonacalnik-ilco-zahariev-2Осми април е ден посветен на историјата и културата на Ромите, кој се одбележува низ целиот свет, афирмирајќи ја потребата од поголема поддршка за ромската популација која се соочува со социјални и економски проблеми. Ромите, како составен дел од македонското општество, се рамноправни со останатите граѓани и ги уживаат придобивките да го негуваат својот јазик и да ги развиваат својата култура и традиции, и активно да партиципираат преку своите партии во политичкиот живот.

Во Општина Штип, Ромската заедница е значаен сегмент од популацијата. Нашата активност како локална самоуправа изминатите години е во насока на инфраструктурно подобрување на условиоте за живот на Ромите, со што тие ќе бидат рамноправни со останатите граѓани. За четири години, асфалтирани се речиси сите поголеми улици во градот каде живее доминантно Ромско население: нов асфалт е поставен на „Радански пат“, обновени се три крака на улицата „Косовска“, дел од „Сутјеска“ и “Еврејска“ каде исто така живеат Роми, потоа горниот дел на „Вардарска“,нов асфалт на патот до „Света Недела“, потоа поставен е бехатон на неколку помали улици, конструиран е мал плоштад, нови водоводни и канализациони системи, поставени се детски игралишта, баскет терени, клупи и друго со што значително се уреди делот каде живеат Роми. Исто така, локалната самоуправа дава финансиска поддршка на Ромските семејства кои останаа без кров а повеќе од една година Советот на Општина Штип доделуваше финансиска помош за Ромските семејства кои беа раселени кај роднини и пријатели.

И понатаму остануваме посветени на подобрување на условите за живот и работа на Ромската заедница во градот и затоа како градоначалник на сите припадници на Ромската заедница во Штип и Македонија им го честитам 8.ми април, Меѓунарoдниот ден на Ромите.

прим.м-р Илчо Захариев

градоначалник на Штип

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Јули 2017
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize