Дома Соопштенија Честитка од градоначалникот на Штип до здравствените работници по повод 7.април
Честитка од градоначалникот на Штип до здравствените работници по повод 7.април
Петок, 07 Април 2017 13:51

zaharievПочитувани,

Вчерашното доделување на признанија од страна на Општина Штип на д-р Методи Шеќеринов, д-р Лазар Гичев и д-р Ристо Николов беа вовед во денешното одбележување на Меѓународниот ден на здравјето.

Здравството, покрај образованието е еден од главните столбови врз кое се развива секое општество и сосема е разбирливо што големи ресурси, во поглед на кадар и опрема се инвестираат за негов побрз развој. Во општина Штип се гради нова клиничка болница вредна над 30 милиони евра, и тоа по неколку децении. Самата по себе, таа е потврда за заложбите за развојот во здравствениот сектор на истокот, но мора да се каже дека без здравствениот работник, без лекарите, специјалистите, болничарите, медицинските работници,и сиот останат персонал нема успешен развој на здравството. Тие остануваат основата на која се базира негата за нашето здравје и излекувањето на секој пациент.

Затоа и како градоначалник на Штип, и воедно како здравствен работник, сакам на сите здравствени работници да им го честитам 7 април, Меѓународниот ден на здравјето и да им посакам успешна работа исполнета со хуманост, трудољубивост и посветеност на сите пациенти. Во овие времиња, кога моралните вредности се на испит, Ви поскаувам Хипократовата заклетва да биде Ваш патоказ за што поуспешно професионално и достоинствено извршување на вашите здравствени должности за да не заборавиме колку вистина е содржано во изреката: Здравиот човек има илјада желби а болниот само една...да оздрави !

Со почит,

Градоначалник на Штип

Прим.м-р Илчо Захариев

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Април 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize