Дома Соопштенија Известување за жребување за места за лепење на изборни плакати во Штип
Известување за жребување за места за лепење на изборни плакати во Штип
Среда, 23 Ноември 2016 11:38

izbori-mak-glasacka-kutijaСе известуваат сите политички партии и коалиции чии листи на кандидати за пратеници од изборната единица 3 се прифатени за изборите што треба да се одржат на 11.12.2016 година, дека ждрепката за бесплатно истакнување изборни плакати на територијата на Општината Штип ќе се одржи на 24.11.2016 година (четврток) во 12:00 часот во сала 2 на Општината Штип.

Заинтерсираните политички партии и коалиции треба да поднесат барање со полномошно издадено од организаторот на изборната кампања, најдоцна до 24.11.2016 година (четврток) до 11:30 часот на архивата на Општината Штип.

*   *     * *   *

Врз основа на член 78 став 5 од Изборниот законик („Службен весник на РМ“ број 54/2011-пречистен текст), член 100 од Одлуката за комунален ред на Општина Штип („Службен гласник на Општина Штип“ број 03/99-пречистен текст, 04/02 и 11/10) и член 21 точка 35 од Статутот на Општина Штип („Службен гласник на Општина Штип“ број 01/03, 18/07, 11/08, 07/09, 16/09 и 04/11), Советот на Општина Штип на седницата одржана на 20 мај 2011 година донесе

О Д Л У К А

ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА

ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МЕСТАТА НА КОИ МОЖАТ

ДА СЕ ИСТАКНУВААТ ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ

Член 1

Во Одлуката за утврдување на местата на кои можат да се истакнуваат изборни плакати („Службен гласник на Општина Штип“ број 09/06), членот 1 се менува и гласи:

„Изборни плакати без надоместок можат да се истакнуваат на следните места:

1.Преминот кај старата пошта

2.Потпорен ѕид на улица Гоце Делчев од левата и десната страна

3.На премините помеѓу влезовите од пешачката зона Безистен до ул. Ванчо Прке

4.На потпорниот ѕид на улица Козјак Планина (спроти автосервисите) што води кон Клиничката болница

5.На улица Христијан Карпош на столбовите пред зградата лево од влезот на Полицијата

6.Оградните ѕидови на Градскиот стадион спроти Ученички дом

7.Оградните ѕидови на Градскиот стадион спроти новата пошта

8.На преминот на улица Партизанска (подвозникот)

9.На ѕидовите од подвозникот на влезот во населбата Три Чешми

10.На потпорниот ѕид на улица Анте Банина

11.На столбовите и ѕидовите по зградата на улица Борис Кидрич (зграда Промаја)

12.Во населба Пребег на столбовите од колективните станбени згради

13.На потпорниот ѕид над трафостаницата кај Текстилното училиште на улица „Вита поп Јорданова“ кај куќен број 49

14.Потпорен ѕид на улица „Панче Караѓозов“ од десната страна.

Член 2

Во член 2 ставот 2 се менува и гласи:

„Местата за истакнување плакати, одделението ќе ги подели по пат на ждрепка. Ждрепката ќе се изврши по објавување на утврдените листи на кандидати од страна на надлежната изборна комисија.“

По став 2 се додава нов став 3 кој гласи:

„Извлечениот број на ждрепката значи дека подносителот на листата може да лепи изборни плакати на тој број на сите локации од член 1 на оваа одлука.

Член 3

Во член 3 се додава став 2 кој гласи:

Одобрение за истакнување изборни плакати без надоместок донесува градоначалникот на Општина Штип.

Член 4

Одлуката влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Штип“.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Декември 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize