Дома Соопштенија Честитка од градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев по повод Денот на независноста „8. Септември“
Честитка од градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев по повод Денот на независноста „8. Септември“
Среда, 07 Септември 2016 13:43

ILCO ZAHARIEV1Почитувани сограѓани,

25 години се зад нас. На самиот почеток, морам да кажам дека 8. септември не е обичен ден, бидејќи по две и пол децении не потсетува на оној светол датум и чин од поновата историја кога над 95% од мнозинството граѓаните во 1991 година одлучија да живеат во самостојна, суверена и независна Македонија.

Тоа е светол ден, кога на ова мало парче земја, распарчувано со векови, конечно се појави сонце ! Тоа сонце беше вековен идеал на многу наши генерации, низ бројни востанија, и ослободителни војни,со бројни жртви кои водеа до денот на македонската слобода и независност.

Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед на предизвиците кои доаѓаат. На нас останува обврската да ја направиме Македонија политички и економски силна, развиена и стабилна држава а нашиот град успешен и пријатно место за живеење за секој граѓанин.

Со огромна гордост Ви го честитам овој значаен празник со желби за вечност на македонската нација.Нека е силна и вечна нашата земја, затоа што секој човек има свето право на свој дом, на свое огниште и на своја земја !

Честит 8. Септември! Да ни биде вечна Македонијa!

Градоначалник на Штип

прим.м-р Илчо Захариев

 

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize