Дома Соопштенија Честитка од градоначалникот на Штип по повод Националниот ден на Власите
Честитка од градоначалникот на Штип по повод Националниот ден на Власите
Понеделник, 23 Мај 2016 15:20

ilco-zaharievПочитувани претставници на Влашката заедница во Штип и Македонија,

Како градоначалник, во име на сите граѓани на град Штип Ви го честитам Националниот ден на Власите во Република Македонија.

На 23-ти мај 1905 година, турскиот султан Абдул Хамид Втори, за прв пати ги призна Власите како посебен народ, со право да се образуваат на својот мајчин јазик, да имаат право на одржување на богослужба на влашки јазик, да публикуваат книги и списанија на влашки јазик и друго.

Од 2007 година, овој Ден се одбележува и како Државен празник на Влашката етничка заедница во Македонија.

Штип е горд што мултинационалниот карактер на градот се одразува и преку присуството на голем број на припадници на Влашката етничка заедница. Тие се составен дел на нашето општество, нераздвојно ткиво кое го прави нашиот соживот компактен и пример за тоа како треба да се почитуваме меѓу себе.

Ви го честитам националниот ден, и Ви посакувам многу успеси на личен и професионален план со тенденција заеднички да ги развиваме и продлабочуваме врските меѓу нас а со тоа да промовираме и позитивни општествени вредности во Штип, Македонија и пошироко.

 

Градоначалник на Штип

прим.м-р Илчо Захариев

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize