Дома Соопштенија УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ МЕСТА НА КОИ МОЖАТ ДА СЕ ИСТАКНУВААТ ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ
УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ МЕСТА НА КОИ МОЖАТ ДА СЕ ИСТАКНУВААТ ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ
Вторник, 17 Мај 2016 11:35

izbori-2016Врз основа на член 78 став 5 од Изборниот законик („Службен весник на РМ“, број 40/06, 136/06, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 32/14-пречистен текст, 196/15 и 35/16) и член 2 став 2 од Одлуката за утврдување на  местата на кои можат да се истакнуваат изборни плакати („Службен гласник на Општината Штип“, број 09/06), Градоначалникот на Општина Штип, на 12.05.2016 година утврди

У С Л О В И

ЗА ДОБИВАЊЕ МЕСТА НА КОИ МОЖАТ ДА СЕ ИСТАКНУВААТ

ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ

  1. 1.Место за устакнување на изборни плакати може да добие секоја регистрирана политичка партија самостојно, коалиции, како и група избирачи (во понатамошниот текст: подносител на листа) врз основа на одобрение од Градоначалникот на Општината Штип.
  2. 2.За добивање одобрение, подносителот на листата е должен да поднесе барање до Општината Штип.
  3. 3.Со барањето треба да достави полномошно од овластено лице за поднесување на барањето издадено и заверено од подносителот на листата. Местата за истакнување плакати, одделението ќе ги подели по пат на ждрепка. Ждрепката ќе се изврши по објавување на утврдените листи на кандидати од страна на надлежната изборна комисија. За денот на ждрепката, организаторите на изборната кампања ќе бидат известени преку јавните гласила во Општина Штип.
  4. 4.Одобрението, со прецизно назначување на местото за истакнување на изборни плакати, одделението ќе го издаде во рок од 3 дена од денот на одржаната ждрепка.

 

 

 

 

Општина Штип

Градоначалник

Прим.м-р. Илчо Захариев

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize