Дома Сектори и одделенија
Сектори и одделенија
Одделение за урбанизам, градежништво, станбени работи и заштита на животната средина

Одделението за урбанизам, градежништво, станбени работи и заштита на животната средина ги врши следните работи:

  • уредување на просторот;
  • спроведување на планската документација;
  • стручно следење на степенот на реализација на урбанистичките планови и покренување иницијативи за нивно изменување и дополнување;
  • издавање на локациски услови и одобренија за градба на објекти од локално значење утврдени со закон;
  • ги следи и планира потребите за домување на подрачјето на Општина Штип, согласно Законот за домување;
  • предлага годишна програма и превзема мерки и активности за нејзина реализација, во согласност на Законот за домување;
  • донесува мерки за спречување од загадување на животната средина и просторот;
  • води постапка за издавање на интегрирани дозволи и спроведување на законите од областа на животната средина;
  • врши и други работи кои ќе му бидат доверени во негова надлежност.
 
Одделение за уредување на градежно земјиште, регулација и геодетски работи

Одделението за уредување на градежно земјиште, регулација и геодетски работи ги врши следните работи:

  • изготвува годишни програми за уредување на градежно земјиште;
  • припрема податоци за тендерска документација за уредување на градежното земјиште;
  • контрола на градежните работи при уредувањето на земјиштето;
  • ја води постапката за обезбедување на потребните согласности и одобренија за уредување на градежното земјиште;
  • ги врши подготвителните работи за изработка на проекти за уредување на градежното земјиште;
  • ги води работите околу испитување на градежното земјиште од геолошки и технички аспект;
  • се грижи за реализацијата на програмата за уредување на градежното земјиште;
  • пресметка за наплата на комуналниот надоместок за градба на објекти;
  • врши и други работи кои ќе му бидат доверени во негова надлежност.
 
Одделение за комунални дејности

Одделението за комунални дејности ги следи состојбите што се однесуваат на:

  • снабдување со вода за пиење;
  • одведување на отпадните и атмосферските води;
  • одржување на јавната чистота;
  • уредување, одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми, водени и рекреативни површини;
  • одржување на гробишта и давање на погребни услуги;
  • одржување на јавното осветлување;
  • вршење на оџачарски услуги;
  • одржување на користење на пазари;
  • одржување на уличната сообраќајна сигнализација и други сообраќајни инфраструктурни објекти;
  • одржување и користење на јавниот простор за паркирање;
  • отстранување и чување на непрописно паркирани возила;
  • јавен градски, приградски и авто-такси превоз;
  • дезинфекција, дезинсекција и дератизација;
  • одржување на јавни санитарни јазли;
  • врши и други работи кои ќе му бидат доверени во негова надлежност.
* * * * * * * * * *
 
Сектор за образование, јавни дејности и локален економски развој

Секторот за образование, јавни дејности и локален економски развој ги врши следните работи:

  • ги следи законските и подзаконски акти од надлежната област и истите ги применува;
  • изготвување на одлуки и други општи и конкретни акти од надлежност на советот и градоначалникот, од областа на економскиот развој, трговијата, занаетчиството, туризмот и угостителството;
  • изготвува планови за локален економски развој;
  • иницира утврдување  на развојни и структурни приоритети, како и основи и мерки  за водење на локална економска политика  на општината;
  • иницира и развива  регионална и меѓугранична соработка;
  • учествува во координирање и водење на меѓународни проекти;
  • овозможува услови за подршка на развојот на малите и средните претпријатија,  претприемништвото, земјоделството и агроберзата;
  • го следи извршувањето на плановите и предлага мерки за нивно остварување;
  • обезбедува документациона база  на податоци за потребите на планирањето и програмирање  на економскиот развој;
  • изработка на бази на податоци за потребите на општината;
  • ги следи активностите  на невладините организации  и иницира и координира соработка со нив;
  • води евиденција, регистар, примање и обработување на пријави и обрасци предвидени со закон;
  • ги следи прописите и нивните измени и дополнувања;
  • врши анализа на состојбата и дава иницијативи и предлози за нејзино  подобрување;
  • врши и други работи што ќе  бидат ставени во негова надлежност со акт на советот или градоначалникот на општината.
 
Одделение за образование и јавни дејности

Одделението за образование и јавни дејности ги врши следните работи:

  • ги следи законските и подзаконски акти од надлежната област и истите ги применува;
  • изготвува општи и поединечни акти од надлежност на Советот на општината и градоначалникот од областа на образованието, културата, спортот, социјалната, детската и здравствената заштита согласно закон
  • ги следи состојбите во областа на образованието - основно и средно, основање, финансирање и администрирање на истите во соработка со централната власт;
  • институционална и финансиска подршка  на културните институции, негување на фолклорот, обичаите старите занаети и слични културни вредности;
  • организирањето на културни манифестации, потикнување на културното творештво;
  • развој на масовен спорт, рекреација и студентски спорт;
  • организирање на спортски приредби и манифестации; подршка на систем на натпревари, училишен и студентски спорт;
  • реализира активности од областа на здравственото воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности; надзор над заразните болести;
  • врши и други работи што ќе  бидат ставени во негова надлежност со акт на советот или градоначалникот на општината;
  • реализира активности од областа на социјалната заштита и заштитата на деца;
 
Одделение за економија

Одделението за економија ги врши следните работи:

  • изготвување планови за локален економски развој;
  • изготвување на одлуки и други општи и конкретни акти од надлежност на советот и градоначалникот, од областа на економскиот развој;
  • ги следи законските и подзаконски акти од областа на трговијата, занает-чиството, туризам и угостителство  и истите ги применува;
  • иницира утврдување на развојни и структурни приоритети, како и основи и мерки за водење на локална економска политика на општината;
  • овозможува услови за подршка на развојот на малите и средните претпријатија,
  • го следи извршувањето на плановите и предлага мерки за нивно остварување;
  • обезбедува документациона база на податоци за потребите на планирањето  на економскиот развој;
  • изработка на бази на податоци за потребите на општината;
  • ги следи активностите на невладините организации и иницира и                                                                                                                координира соработка со нив;
  • ја следи состојбата, предлага мерки  за нејзино унапредување;
  • врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на советот или градоначалникот на општината.
 
Одделение за меѓународна соработка

Одделението за меѓународна соработка ги врши следните работи:

  • изготвување планови за регионална и меѓугранична соработка;
  • иницира и развива регионална, меѓугранична и меѓународна соработка;
  • учествува во координирање и водење на меѓународни проекти;
  • изготвување на одлуки и други општи и конкретни акти од надлежност на советот и градоначалникот, од областа на меѓународната соработка;
  • ги следи законските и подзаконски акти од областа на трговијата, занает-чиството, туризам и угостителство и истите ги применува;
  • иницира утврдување  на развојни и структурни приоритети;
  • обезбедува документациона база на податоци за потребите на планирањето и програмирање  на меѓународната соработка;
  • изработка на бази на податоци за потребите на општината;
  • ги следи активностите на невладините организации и иницира и                                                                                                                координира соработка со нив;
  • ја следи состојбата, предлага мерки  за нејзино  унапредување;
  • врши и други работи што ќе  бидат ставени во негова надлежност со акт на советот или градоначалникот на општината.
 
Одделение за рурален развој

Одделението за рурален развој ги врши следните работи:

  • изготвување планови за локален рурален развој;
  • изготвување на одлуки и други општи и конкретни акти од надлежност на советот и градоначалникот, од областа на руралниот развој;
  • иницира утврдување  на развојни и структурни приоритети, како и основи и мерки за водење на локална рурална политика на општината;
  • овозможува услови за подршка на претприемништвото во земјоделието, сточарството, шумарството, водоснабдување и развој на локална агроберза;
  • го следи извршувањето на плановите и предлага мерки за нивно остварување;
  • обезбедува документациона база на податоци за потребите на планирањето на руралниот развој;
  • изработка на бази на податоци за потребите на општината од оваа област;
  • ги следи активностите на невладините организации и иницира и                                                                                                           координира соработка со нив;
  • врши и други работи што ќе  бидат ставени во негова надлежност.

* * * * * * * * * *

 
Сектор за инспекциски работи

Секторот за инспекциски работи ги врши следните работи:

  • инспекциски надзор од областа на примената на Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за домување, деталните урбанистички планови донесени од Советот на општината и Генералниот урбанистички план на Општина Штип;
  • инспекциски надзор врз примената на Законот за јавни патишта, Законот за превоз во патниот сообраќај и други прописи што ја регулираат оваа област;
  • инспекциски надзор согласно законската регулатива од областа на заштитата на животната средина и природата квалитетот на амбиентот на воздухот, просторното планирање и прописите што ја регулираат оваа област;
  • инспекциски надзор во образованието и јавните дејности;
  • врши и други работи што ќе  бидат ставени во негова надлежност.
 
Одделение за градежен, урбанистички и сообраќаен надзор

Одделението за градежен, урбанистички и сообраќаен надзор ги врши следните работи:

  • инспекциски надзор од областа на примената на Законот за градење во делот на надлежноста на општината;
  • инспекциски надзор над градби од трета, четврта и петта категорија утврдени со закон;
  • овластениот градежен инспектор е службено лице кој е самостоен во вршењето на инспекцискиот надзор;
  • непосреден инспекциски надзор согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и други прописи кои ја регулираат оваа област, а се од надлежност на општината;
  • подготвува акти и други материјали, предлози до градоначалникот и Советот на општината;
  • увид во документацијата од постапката за донесување на урбанистички планови;
  • увид за начинот на чувањето на урбанистичките планови и картирани подлоги;
  • надзор над спроведувањето на одлуките на советот;
  • непосреден инспекциски надзор врз примената на одредбите од Законот за јавни патишта, Законот за превоз во патниот сообраќај и прописите донесени врз основа на овој закон што се однесуваат на општинскиот превоз на патници, автотакси превозот на патници и посебниот линиски превоз на патници што се врши на подрачјето на општината;
  • надзор на спроведувањето на други прописи што се однесуваат на оваа област;
  • води постапка, донесува решенија и поднесува пријави за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд;
  • врши и други работи кои ќе му бидат доверени.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Страница 2 од 3

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize