Дома Профил Образование
Образование

Младите во Општина Штип се едуцираат во четири основни училишта: „Ванчо Прќе” со подрачни училишта во населба Ново Село; с. Селце и с. Лакавица; „Тошо Арсов“ со подрачни училишта во населба Македонка, с. Чардаклија и с. Почивало; „Димитар Влахов” и „Гоце Делчев“ со подрачни училишта во населба Три Чешми и с. Шашаварлија.

Во образовните установи за средношколците, во Општина Штип се вбројуваат: СОУ „Славчо Стојменски“ каде учениците се стекнуваат со гимназиско образование; СОУ „Јане Сандански“ со цел стекнување на стручно медицинско образование; СОУ „Коле Нехтенин“ каде се изведува настава за електро - техничари, готвачи, угостители и информатичари; СОУ „Димитар Мирасчиев“, познато како текстилно училиште. Од државните средни училишта во Општина Штип е лоциран Државниот музички училиштен центар „Сергеј Михајлов“. Во Штип егзистира и Приватното средно музичко училиште Оксиа . Тоа е сосема разбирливо ако се знае дека првата опера Паљачи е изведена токму во Штип во 1924 година. Постојат и институции за изведување на воспитно - образовниот процес за лица со посебни потреби. Тука се вбројува и Центарот за специјално средно образование и воспитување Искра.

 
 

Со отворањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, огромен број млади луѓе од градот, регионот и од цела држава имаат можност да се стекнат со универзитетско образование токму во нашата општина.

univerzitet-goce-delcev

Иако е основан во 2007 година, денес УГД располага со 13 факултети и една висока Школа. За само 3 години, Универзитетот успеа да привлече 9000 студенти што претставува своевиден рекорд, кој оди во прилог на ширењето на штипскиот Универзитет. Штип располага и со студентски дом и интернат за средношколци.  Сместувачките капацитети се зголемуваат со новиот студентски дом што е во изградба од страна на УГД со поддршка на Локалната  самоуправа.

 


Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Септември 2017
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize