Дома Профил Култура Национални установи
Национални установи
Завод и Музеј

Muzej_Artistic_3Заводот и Музеј е формиран во 1950 год. како градска институција, а во 1955 год. прерасна во Музеј на штипскиот крај. Заводот и Музеј поседува повеќе збирки и фондови од областа на археологијата, етнологијата, историјата, историјата на уметноста и современата македонска уметност. Тежиштето на активностите на Заводот и Музеј е насочено кон:

  • Истражувачки работи и набавка на музејски материјал;
  • Стручно - музеолошка обработка;
  • Заштита на материјалот и културно - историските споменици;
  • Културно - образовна и воспитна дејност.

Заводот и Музеј презема активности за одржување на Галеријата на икони во црквата Свети Никола,  истражување и делумна реконструкција на античкиот град Баргала и археолошки ископувања.

Како резултат на ваквите активности на локалитетот Грнчарица Muzej_1_2во близина на селото Крупиште беше откриена ранонеолитска населба. При работа на хидросистемот Злетовица беа откриени предмети и керамика што датираат од времето на неолитот, околу 6000 години п.н.е. Утврдено е дека на локалитетот се констатирани два културни хоризонта од кој едниот од II - III век по Христа, а вториот културен хоризонт му припаѓа на неолитот. Малку подалеку е откриен каменот на кој првата организирана човечка заедница на македонска територија од кремен ги изработувала орудијата за живот. Врз основа на движниот археолошки материјал, откриената населба претставува најстара неолитска населба во Република Македонија. На истата локација беше откриен скелетот, кој го доби уметничкото име Славе Македонски. Според анализата на коските на Универзитетот во Глазгов во Шкотска, скелетот датира од 7745 год. што го прави еден од најстарите скелети во Југоисточна Европа. Во Заводот и Музеј во Штип може да се посетат историски постановки на вредни експонати (керамика, бронза, сребро, монети и слично) пронајдени во изминатиот период.

Во музејскиот комплекс Аневи - Гочеви е поставена арехолошка поставка со над 1200 експонати. Можат да се видат археолошки предмети од време на неолитот па се до 18 век. Од неолитот (6200-3500 г.п.н.е) можат да се видат материјали од неолитските наслеби: Барутница (Амзабегово), Руг Баир (с. Горабинци), Вршник (Таринци) и други.

Од енеолитот (3500 - 2000г. п.н.е) застапени се археолошки материјали од Пилово (Бурилчево).

Забележливи се и важни експонати од праисторијата од локалитетите Баби, Фортуна, Криви Дол и Караорман додека римскиот период (2 до 4 век п.н.е) е застапен со Кнежевска Могила од село Таринци и гробницата кај село Црвулево.

Арехолошката поставка изобилува и со предмети од средновековниот период (7 до 14 век) а за љубителите на нумизматиката презентирана е богата серија на монети кои датираат во периодот помеѓу 4 век п.н.е па се до 20 - ти век.

 
Народен театар

teatarВо 2001 година Народниот театар прослави 50 години постоење. Иако корените му се некаде во текот на 1949 год. кога е формиран како областен театар, вистинската театарска дејност почнува за две години.

Први носители на театарската дејност биле даскалите или учителите, кои своите претстави ги реализрале со своите ученици. Тоа било голема можност да се најдат млади таленти, кои професионално ќе направат уметност од актерството на штиците што живот значат.

Во тие  пет славенички децении Народниот театар во Штип настапувал во стотина градови во земјата и странство. Премиерно се прикажани над 300 претстави и околу 5 000 репризи. Според статистичките показатели, во тие пет децении постоење репертоарот на штипскиот Народен театар го следеле еден милион гледачи. Штипскиот Народен театар продуцирал стотина квалитетни претстави, но и имиња од особена важност за македонскиот театар.

 
НУ Библиотека „Гоце Делчев“

Штипските еснафи ја согледале потребата за духовна надградба и описменување на своите сограѓани, па со свои лични средства го помогнале создавањето на читалиштето „Дејателност“ во 1872 год. Со донирање на книги од приватни, домашни библиотеки отпочнува работата на библиотекарската дејност.

Малата библиотека со скромен фонд на книги прераснува во библиотека со читална и во 1941 година читалиштето го добива името на големиот идеолог и револуционер Гоце Делчев, а во 1946 година е формирана Народна библиотека „Гоце Делчев“.

Од 2003 година библиотеката работи со статус Национална установа - Библиотека „Гоце Делчев“.

Biblioteka_Goce_Delcev_2Денес е регионална и национална библиотека, чија дејност ја покриваат не само општините Штип и Карбинци, туку и источниот регион на Р. Македонија. Книгите, весниците и другите изданија им се достапни на читателите секој ден од 7 до 20 часот, а во саботите од 8 до 13 часот.

Библиотеката е од отворен тип и во нејзиниот состав работат секторите, одделенијата:

  • Сектор комплетирање на библиотечниот материјал;
  • Сектор стручна обработка на монографски и периодични публикации;
  • Депозитен сектор;
  • Сектор библиографско - библиотечни информации;
  • Сектор позајмување и услуга;
  • Сектор унапредување на библиотекарството;
  • Сектор посебни книжни фондови;
  • Сектор заштита и репрографија;
  • Сектор општи служби.

Во рамките на Библиотеката функционира и француска читална. Сите активности истата ги остварува во соработка со Францускиот културен центар во Скопје.

Основни карактеристики на дејноста на НУ - Библиотека „Гоце Делчев“ - Штип се: систематизација и класификација на книжниот фонд по УДК светските стандарди; организирање на пропагандни активности за популаризација на книгата; тематски изложби од сите видови и др. Библиотеката заедно со Литературниот клуб Искра, што работи во состав на Библиотеката повеќе од две децении. Библиотеката има богата издавачка дејност.

За побрзо интегрирање во системот на електронски библиотеки, ажурирана е базата на податоци и од 2010 год. започнува автоматското издавање во секторот за примоиздавање со КОБИС системот.

Со автоматизација на библиотечното работење и формирање на два регионални библиотечни електронски центри, библиотеката стана регионален електронски јазол, центар на мрежата кој ги опслужува библиотеките од градовите од источниот регион.

 
НУ Центар за култура „Ацо Шопов”

dom_na_kulturataНУ Центар за култура „Ацо Шопов” во Штип е изграден во 1979 год. и располага со корисна површина од 3100 м2, од кои 410 м2 отпаѓаат на сценскиот простор. Центарот располага со голема сала со 615 седишта и мала сала, односно сцена со 120 седишта.

Во рамките на приредувачката дејност во Центарот се организираат манифестации од областа на музичко - сценските уметности, драмската, ликовната, литературната, како и најразновидни општествени и културно - образовни форми (предавања, трибини, академии). При Центарот за култура како матични форми работат: Драмското студио, Ликовното студио и Хармоникашкиот оркестар.

Во Центарот традиционално се организираат следните манифестации: Биенално студио за цртеж „Во чест на поетот“ (посветено на Ацо Шопов), Фестивалот на музика „Макфест“, „Екран - театар фест” и др. Во просториите на Центарот се сместени уште и: Културно - просветната заедница,  Друштвото за наука и уметност, Списанието „Дело 74“ и  др. Годишно во Центарот се организираат околу 130 манифестации. Своевремено во дел од објектот се наоѓаше Домот на АРМ, но по формирањето на Универзитетот „Гоце Делчев”, просториите беа отстапени на Ректоратот на Универзитетот.

 


Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Март 2017
П В С Ч П С Н
27 28 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize