Дома Профил Култура Културно – историски знаменитости
Културно – историски знаменитости

Граѓаните на Штип се горди на културно - историските знаменитости. Штип има развиена мрежа на културни институции од кои позначајни се:

  • НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј каде се чуваат збирки и фондови од областа на археологијата, етнологијата, историјата и уметноста;
  • НУ Библиотека „Гоце Делчев“, која денес има голем опус на издавачка дејност. Повеќе од 20 години во склоп на Библиотеката функционира и Литературниот клуб Искра ;
  • Државниот архив е институција од регионален карактер со седиште во Штип каде се депонирани 591 фондови со 5 740 архивски кутии и 5 730 книги;
  • Дом на млади опфаќа културни активности што се интересни за младата популација. Организатор е на Астибо џез фестивал;
  • Уметничка галерија Безистен е споменик на културата што датира од втората половина на 16 век кога служел како главна чаршија за продавање на луксузни стоки. Денес е најсоодветен простор за музички концерти и ликовни изложби;

Штип е познат и по бројни културни настани. Повеќе од две децении се одржува Штипско културно лето каде уметниците се претставуваат со книги, фотографии, уметнички слики, концерти и друго.

Од манифестациите што се одржуваат во НУ Центар за култура најрепрезентативен е Фестивалот на музика ,,Макфест” што во 2010 година ќе го одбележи својот 25 - годишен јубилеј. Од 2009-та година се одржува во организација на Општина Штип.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Март 2017
П В С Ч П С Н
27 28 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize