Дома Профил Култура
Културно - историско наследство
Oбичајот „Четрсе“ на листата на УНЕСКО

Националната комисија на УНЕСКО го одбележа воведувањето на првото добро од Македонија на репрезентативната листа на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО - ритуалот „Четрсе“. Апликацијата беше поднесена во 2011 година, а прогласувањето за време на конференција во Баку (2-7 декември 2013).

Се работи за уникатен и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник Св. 40 Маченици на 22 март, кога луѓе од сите генерации го искачуваат стрмниот Исар, попатно се поздравуваат со најмалку 40 луѓе. Младите собираат и 40 камчиња, 39 ги фрлаат во Брегалница, а едно оставаат под перница зашто, според верувањето,  ќе го сонат животниот сопатник. 

Повеќе...
 
Култура

На почетокот на 2010 година ќе се креира соодветен центар што ќе ги обедини на едно место сите културно - забавни настани во организација на Општина Штип. Тука спаѓаат: манифестацијата Штипско културно лето, Фестивалот на музика Макфест, денот на градот 8 Ноември, традиционалната Пастрмајлијада, новогодишните одбележувања, формирање на фолклорно - уметничко друштво и сл.

 
Културно – историски знаменитости

Граѓаните на Штип се горди на културно - историските знаменитости. Штип има развиена мрежа на културни институции од кои позначајни се:

  • НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј каде се чуваат збирки и фондови од областа на археологијата, етнологијата, историјата и уметноста;
  • НУ Библиотека „Гоце Делчев“, која денес има голем опус на издавачка дејност. Повеќе од 20 години во склоп на Библиотеката функционира и Литературниот клуб Искра ;
  • Државниот архив е институција од регионален карактер со седиште во Штип каде се депонирани 591 фондови со 5 740 архивски кутии и 5 730 книги;
  • Дом на млади опфаќа културни активности што се интересни за младата популација. Организатор е на Астибо џез фестивал;
  • Уметничка галерија Безистен е споменик на културата што датира од втората половина на 16 век кога служел како главна чаршија за продавање на луксузни стоки. Денес е најсоодветен простор за музички концерти и ликовни изложби;
Повеќе...
 
Тврдината Исар

Тврдината Исар е посебен белег за градот. Тоа е возвишение на 150 метри над нивото од река Брегалница. Во 2009 година истражувачите открија 30 метри од тунелот што води од реката до врвот на Исарот. Со тоа се потврди најраскажуваната штипска легенда за освојување на градот преку таен тунел под Исарот, за кој во 17 век пишувал и турскиот патеписец Евлија Челебија. Истражувањата во последниот период само потврдуваат за длабоката историја. Целта е да се изврши конзервација и реконструкција на тврдината, која до крајот на 2011 година треба да биде комплетно осветлена. Погледот е целосно свртен кон историската тврдина Исар, доколку се застане пред самиот влез на убавата зграда на Општина Штип. Истата се наоѓа во централниот дел на градот.  Сместена е од левата страна на реката Отиња, притока на река Брегалница, која минува низ градот Штип.

isarМесноста Хисар претставува карпест рид, висок 120 м. Над устието на Отиња во Брегалница, на западната периферија на денешен Штип. Стратешката положба на Хисар ја забележале Римјаните. Местото Астибос археолошки е потврдено со бројни камени споменици од 2 до 6 век. Од тие векови потекнува и голем тунел, пробиен низ гранитни карпи, од врвот на Хисар до западното подножје во ниво на Брегалница. Во источното подножје на Хисар се регистрирани остатоци од ранохристијанска базилика со капители, од 6 век.

Тврдината што денес се гледа на Хисарот потекнува од 14 век.

Повеќе...
 
Музеј

zavod_muzejВо археолошкиот комплекс Аневи - Гочеви каде се наоѓа Заводот и Музеј се поставени над 1200 археолошки експонати почнувајќи од неолитот (седмиот милениум пред нашата ера) па се до 18 век. Во комплексот може да се види и неодманешното откритие, насјтариот скелет на човек во ЈИЕ, т.н Славе Македонски.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>

Страница 1 од 5

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Март 2017
П В С Ч П С Н
27 28 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize