Дома Профил Историја
Историја на градот


Фрагменти од историјата на Штип

Штип е град во кој историјата оставила бројни траги. Името Астибо за прв пат го споменува античкиот хроничар Полиенво (3 век пред н.е). Stip_na_kraj_na_19_vekТој пишувал дека во реката Астибо (денешна Брегалница) е изведувано ритуално капење на пеонските кралеви. Астибо повторно се споменува во Табула Пеуттингемиана (античка карта од 4 век) како населба на патот за Стоби - Пауталија. Историчарите лоцираат остатоци од Астибо на просторот од денешниот стар дел на градот, на источните падини на ридот Исар и локациите Стар Конак, Тузлијаи Горно Маало. Денес од античката архитектура на градот делумно се сочувани остатоците на градскиот аквадукт во месноста Ќемер, преку кој градот се снабдувал со чиста вода. Населбата егзистира и во доцниот антички и во раниот византиски период, веројатно, под името Стипеон , а во средниот век населбата го добива името Штип.

istoriska2Од средновековниот период при крај на IV век и во текот на VII век, во аваро - словенските освојувања на Балканот настрадале речиси сите доцноантички - рановизантиски градови меѓу кои и Стипеон. Средновековниот град Штип никнал врз урнатините на античкиот град Астибо и рановизантискиот Стипеон, а средновековната историја започнува со населувањето на Словените.Од 976 до 1014 год. Штип се наоѓа во границите на Самуиловата држава. Временскиот период и пропаста на Самуиловата држава се карактеризира со чести менувања на господарите и тоа Византија, Бугарија, па Србија се до доаѓањето на Турците кон крајот на втората половина на XIV век кога средновековниот Штип во 1395 година конечно бил освоен од Османлиите.

istoriska1Оттогаш, па се до XVII век постојат малку напишани документи за мракот на средновековното владеење на Турците во Штип. Градот се спомнува во 1620 година како епископско средиште. Во 1661 година турскиот патеписец Евлија Челебија поминал низ градот и го опишал во своите патеписи. Во Австро - турската војна во 1689 година Штип е освоен од Австроунгарците. Две години подоцна повторно го заземаат Турците. Штип до крајот на XVIII век почнал подинамично да се развива.

 


Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize