Дома Профил Инфраструктура
Инфраструктура
Патна мрежа

Патната мрежа во општина Штип има вкупна должина од 377,4 км, од кои 47,0 км (12,45%) се магистрални патишта, 22,4 км (5,94%) се регионални патишта и преостанатите 308,0 км (81,61%) се локални патишта. Mapa_Stip_patni_pravciОд целокупната патна мрежа на општина Штип 230,4 км ја сочинуваат уличната мрежа во урбанизираните населени места. Останатите 147,0 км отпаѓаат на патиштата кои ги поврзуваат населените места во рамките на општината.

Во Штип се стигнува преку магистралниот пат М-5 (Штип – Кочани - Делчево) кој има врска со автопатот Е-75 (Скопје - Гевгелија) благодарение на патниот правец Штип - Велес. Постојат и регионалните патни правци Р - 601 (Штип - Планина Плачковица) и Р-526 кој поминува низ самиот град и се конектира на магистралата М-5. Во план е изгардба на нов патен правец (Штип - Миладиновци) кој ќе го скрати патувањето до метрополата Скопје.

 
Водоснабдување

Водоснабдувањето за комунални и индустриски потреби на подрачјето на општина Штип се врши преку каптирани извори од поединечни локални или групни водоводни системи.
Водоснабдувањето за комунални и индустриски потреби го врши ЈП Исар со РЕ Водовод и канализација со дејностите: Производство и дистрибуција на вода за пиење, Колектирање, пречистување и одведување на отпадна вода. Јавен водоводен систем има изградено во градот и уште во 4 селски населби (Три чешми, Караорман, Долани и Драгоево). Тие се снабдуваат од подземни води кои се резултат на инфилтрација на речната вода на реката Брегалница која преку хидраулична врска со водоносните слоеви се акумулира во приобалните водни басени.
Од вкупно 43652 жители на градот Штип на водоводната мрежа се приклучени околу 90%.
Вкупниот број на приклучоци изнесува 12.791 од кои 11.975 се за домаќинства
и 806 се за индустрија.

Повеќе...
 


Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Јули 2017
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize