Дома Проекти
Проекти
Штип дел од проект за антидискриминација
Понеделник, 14 Февруари 2011 13:09

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

proekt za antidikriminacija-17012011-1Владата на РМ сериозно работи на подготовкте за влез во ЕУ приближувајќи ги своите институции и законодавство кон нејзините стандарди. Особено внимание му посветува на корпусот прашања за човековите права и слободи како и еднаквите можности за секој граѓанин. Во таа смисла, Владата насочено работи и на полето на превенција и заштита од секаков вид на дискриминација, свесна дека вистинската демократизација на земјата не е можна без целосно почитување на човековите права и слободи. Еден од начините да се елиминира дискриминацијата е да се мобилизираат сите фактори во општеството со цел спроведување на основниот концепт на социјална еднаквост, човекови права и демократија, но и превенција и заштита од секаков вид на дискриминација преку целосана имлементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Во таа насока, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Британски совет и граѓанискиот сектор спроведуваат активности во рамките на програма која  е подржана од Европската комисија. Една од целите на оваа програма е покренување на иницијативи за промовирање на концептот на недискриминација преку промоција на  12 општини како примери  за општини без дискриминација. Една од нив е и Општина Штип.

Со цел унапредување на соработката со Британскиот совет, Мисистерството за труд и социјална политика и граѓанскиот сектор, Општина Штип претставувана од градоначалникот д-р Зоран Алексов потпиша меморандум за соработка во кој јасно се дефинирани активностите и обврските на сите учесници во проектот за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Повеќе...
 
Планирани проекти во 2009
Петок, 11 Декември 2009 09:58

ПОКРУПНИ ДРЖАВНИ ПРОЕКТИ: Согласно одлука на Владата на Р. Македонија во 2009 - 2010 година турската компанија ТАВ треба да изгради карго - аеродром во близина на Штип со тенденција во текот на следните 10 години да прерасне во главен цивилен аеродром. Планирана е изградба и на патниот правец Штип - Миладиновци со кој патувањето до главниот град, Скопје, ќе се скрати за триесетина километри.

Министерството за култура во соработка со Општина Штип треба да го уреди просторот околу тврдината Исар со адекватна осветленост. Предвидено е и уредување на коритото на река Брегалница (со подршка од Македонската Влада), така што целото корито на реката ќе биде регулирано. Проектот започна во јули 2009 година, а ќе се реализира дополнително со поддршка на Владата на Р. Македонија. Концептот предвидува мини - вештачки акумулации. Конкретно коритото на Брегалница на влезот во Штип кај т.н. Емир ќучук султановиот мост ќе се претвори во голем парк, соодветно украсен со канделабри, пешачки патеки и др. Брегот на Брегалница зад градскиот Исар, предел со клисурски аспекти, исто така треба да добие соодветна пешачка зона.

proekti


ЕНЕРГИЈА:
Во 2009 година е пуштена нова трафостаница од 110 кило волти. Постои голем интерес за инвестирање во обновливи избвори на енергија. Штип е познат како ветровито подрачје и една од трите најдобри локации за изградба на фарма на ветерници. Изготвена е студија, а како резултат на поволните услови постои заинтересираност од словенечки, шпански и канадски фирми за конструирање на ветерници. Се работи на проекти за илуминација на галеријата Безистен, како и комплетна замена на градските светилки со штедливи и економични. Изготвена е физибилити студија за енергетска ефикасност за СОУ „Коле Нехтенин” така што во моментов сериозно се пристапува кон изнаоѓање инвеститори.


ЛОКАЛНИ ПРОЕКТИ:
Согласно планираните проекти во периодот 2009 - 2013 значително внимание ќе се посвети на уредување на коритото на река Отиња со овозможување на нови паркинг простори. Планирана е и обнова на градскиот плоштад како дел од поширокиот проект за уредување на улицата Ванчо Прќе што треба да се претвори во пешачка зона, ослободена од автомобили  и сообраќај.

Ефективно менаџирање со водоводната дистрибутивна мрежа на општина Штип е една од приоритетни цели за што е аплициран соодветен проект за обезбедување на средства. На тој начин, ќе се реконструираат 15 км од водоводната мрежа.

Започната е изградба на колектор што ги поврзува населбите Балканска и Чардаклија.  Воедно, изготвени и аплицирани се проекти за реконструкција на канализационата мрежа на пет штипски улици.

Интензивираната соработка со бизнис - секторот придонесе Локалната самоуправа за кратко време да постави нови детски лулашки и да ги реконструира постојните.

Од страна на ЈП Исар се изградени две зелени површини. Едната е пред Трговски центар Дујле, другата што зафаќа огромно пространство претставува нов рекреативен парк во УЗ Баби.

Репроценката на данок на имот и обновување на базата на податоци за недвижен имот на подрачјето на општина Штип е уште еден успешен проект на Локалната самоуправа. Ова се имплементира од јули годинава (2009) со цел да може да се реши проблемот со бесправно изградените објекти.


ПРЕКУГРАНИЧНА И МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА:
Општина Штип упорно работи на евидентирање на бесправно изградените објекти. За таа цел е изготвен меѓуопштински проект за општините Штип и Карбинци. Во тек е постапка за обезбедување на средства за имплементација на проектот. Прекуграничната соработка се заврстува со општина Ќустендил со цел рационално искористување на ИПА - фондовите.

 
Реализирани проекти од локално значење во 2008 година
Вторник, 13 Јануари 2009 13:59
  1. Проект: Бизнис Центар

Реализирано или изготвено (краток опис): Отворање на бизнис центар за давање поддршка и услуги на МСП (мали и средни претпријатија)

Буџет: 10.000, евра

Начин на финансирање: АППРМ и Министерство за Економија

Времетраење на активности: 2008

  1. Проект: Форум на заедниците 2 повик

Реализирано или изготвено (краток опис): Изготвен проект

Буџет: 130.505,евра

Начин на финансирање: 75% Швајцарска агенција за Развој, 25% Општина Штип

Времетраење на активности: 2008

  1. Проект: Едношалтерски систем подршка на процесот за децентрализација, Финиш консалтинг груп ЕАР

Реализирано или изготвено (краток опис): Организирање на работилници и уредување на простор и опрема за центарот - во тек

Начин на финансирање: Европска агениција за реконструкција, Финиш консалтинг груп

Времетраење на активности: 2008 -2009 година

Повеќе...
 
Реализирани проекти од локално значење во 2007 година
Вторник, 15 Април 2008 10:22
  1. Проект: ПКВ 2 Програма за креирање нови работни места

Реализирано или изготвено (краток опис): Изготвен проект - Финансиска поддршка на МСП (мали и средни претпријатија) во репроматеријали со услов вработување

Буџет: 6.000, евра

Начин на финансирање:UNDP, Општина Штип

Времетраење на активности: 2007

  1. Проект: Распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина

Реализирано или изготвено (краток опис): Изготвен проект - Проект Трим патека во СРЦ Суитлак

Буџет: 59.740,евра

Начин на финансирање: 42% Министерство за Животна Средина и просторно планирање, 58% Општина Штип

Времетраење на активности: 2007

  1. Проект: Прекугранична соработка 3 повик - Мода, музика и култура помеѓу Ќустендил и Штип од гледна точка на младите

Реализирано или изготвено (краток опис): Изготвен проект

Буџет: 48.840, евра

Начин на финансирање: Општина Штип и CARDS програма

Времетраење на активности: 2007

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Страница 2 од 2

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize