Дома Проекти Планирани проекти во 2009
Планирани проекти во 2009
Петок, 11 Декември 2009 09:58

ПОКРУПНИ ДРЖАВНИ ПРОЕКТИ: Согласно одлука на Владата на Р. Македонија во 2009 - 2010 година турската компанија ТАВ треба да изгради карго - аеродром во близина на Штип со тенденција во текот на следните 10 години да прерасне во главен цивилен аеродром. Планирана е изградба и на патниот правец Штип - Миладиновци со кој патувањето до главниот град, Скопје, ќе се скрати за триесетина километри.

Министерството за култура во соработка со Општина Штип треба да го уреди просторот околу тврдината Исар со адекватна осветленост. Предвидено е и уредување на коритото на река Брегалница (со подршка од Македонската Влада), така што целото корито на реката ќе биде регулирано. Проектот започна во јули 2009 година, а ќе се реализира дополнително со поддршка на Владата на Р. Македонија. Концептот предвидува мини - вештачки акумулации. Конкретно коритото на Брегалница на влезот во Штип кај т.н. Емир ќучук султановиот мост ќе се претвори во голем парк, соодветно украсен со канделабри, пешачки патеки и др. Брегот на Брегалница зад градскиот Исар, предел со клисурски аспекти, исто така треба да добие соодветна пешачка зона.

proekti


ЕНЕРГИЈА:
Во 2009 година е пуштена нова трафостаница од 110 кило волти. Постои голем интерес за инвестирање во обновливи избвори на енергија. Штип е познат како ветровито подрачје и една од трите најдобри локации за изградба на фарма на ветерници. Изготвена е студија, а како резултат на поволните услови постои заинтересираност од словенечки, шпански и канадски фирми за конструирање на ветерници. Се работи на проекти за илуминација на галеријата Безистен, како и комплетна замена на градските светилки со штедливи и економични. Изготвена е физибилити студија за енергетска ефикасност за СОУ „Коле Нехтенин” така што во моментов сериозно се пристапува кон изнаоѓање инвеститори.


ЛОКАЛНИ ПРОЕКТИ:
Согласно планираните проекти во периодот 2009 - 2013 значително внимание ќе се посвети на уредување на коритото на река Отиња со овозможување на нови паркинг простори. Планирана е и обнова на градскиот плоштад како дел од поширокиот проект за уредување на улицата Ванчо Прќе што треба да се претвори во пешачка зона, ослободена од автомобили  и сообраќај.

Ефективно менаџирање со водоводната дистрибутивна мрежа на општина Штип е една од приоритетни цели за што е аплициран соодветен проект за обезбедување на средства. На тој начин, ќе се реконструираат 15 км од водоводната мрежа.

Започната е изградба на колектор што ги поврзува населбите Балканска и Чардаклија.  Воедно, изготвени и аплицирани се проекти за реконструкција на канализационата мрежа на пет штипски улици.

Интензивираната соработка со бизнис - секторот придонесе Локалната самоуправа за кратко време да постави нови детски лулашки и да ги реконструира постојните.

Од страна на ЈП Исар се изградени две зелени површини. Едната е пред Трговски центар Дујле, другата што зафаќа огромно пространство претставува нов рекреативен парк во УЗ Баби.

Репроценката на данок на имот и обновување на базата на податоци за недвижен имот на подрачјето на општина Штип е уште еден успешен проект на Локалната самоуправа. Ова се имплементира од јули годинава (2009) со цел да може да се реши проблемот со бесправно изградените објекти.


ПРЕКУГРАНИЧНА И МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА:
Општина Штип упорно работи на евидентирање на бесправно изградените објекти. За таа цел е изготвен меѓуопштински проект за општините Штип и Карбинци. Во тек е постапка за обезбедување на средства за имплементација на проектот. Прекуграничната соработка се заврстува со општина Ќустендил со цел рационално искористување на ИПА - фондовите.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Септември 2017
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize