Дома Проекти Проект: „Туризам без граници”
Проект: „Туризам без граници”
Среда, 05 Октомври 2011 13:26

opstina_stip-proekti_resizeБугаријаПоранешна Југословенска Република Македонија
ИПА преку-гранична Програма CCI Број: 2007CB16IPO007 – 2009 - 1

Водечки Партнер: Општина Ќустендил, Бугарија

Партнери: Општина Штип, Македонија

Општина Крива Паланка, Македонија

Времетраење (во месеци):   10

Целосен буџет (во евра):      299 648,42

Главна цел: Да се применува иновативен пристап за промоција на културни, историски и природни знаменитости во прекуграничниот регион и да се придонесе за развој на туризмот и економијата, социјалната интеграција и меѓународната економска и културна интеграција.

Специфични цели:

Ø  Развој и имплементација на електронски платформи – 8 инфо – терминали, позиционирани во Ќустендил, Штип и Крива Паланка, поврзани во мрежа од специјализиран софтвер. Системот ќе овозможи пренос на информации од добавувачите на туристички услуги (локални власти, сопственици на туристичка инфраструктура, тур-оператори итн.) до вистинските потрошувачи (туристите). Инфо – терминалите исто така ќе овозможат полесно пребарување ( кој има монитор со екран на допир) со информации за туристички знаменитости во регионот, вклучувајќи и фотографии и опис, 24 часа на ден. Инфо – терминалите ќе овозможат правење на вистински (со интегрирани инфо – телефони) и онлајн резервации. Системот ќе вклучува специјални инфо-медиуми за посложено и подетално презентирање на регионот и на достапните туристички услуги.

Ø  Промовирање на можностите за електронски платформи и првично собирање на информации за базата на податоци на системот, со јавна промоција и активен маркетинг.

Очекувани резултати од проектот:

Ø  8 инсталирани инфо – терминали  кои вклучуваат софтвер;

Ø  Развој на рекламната стратегија;

Ø  Проучување и идентификација на влегувања/ туристички места и лица/ за базата на податоци;

Ø  Основани партнерства помеѓу Општините Ќустендил, Штип и Крива Паланка во полето на туризмот во преку-граничниот регион;

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize