Дома Проекти Штип дел од проект за антидискриминација
Штип дел од проект за антидискриминација
Понеделник, 14 Февруари 2011 13:09

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

proekt za antidikriminacija-17012011-1Владата на РМ сериозно работи на подготовкте за влез во ЕУ приближувајќи ги своите институции и законодавство кон нејзините стандарди. Особено внимание му посветува на корпусот прашања за човековите права и слободи како и еднаквите можности за секој граѓанин. Во таа смисла, Владата насочено работи и на полето на превенција и заштита од секаков вид на дискриминација, свесна дека вистинската демократизација на земјата не е можна без целосно почитување на човековите права и слободи. Еден од начините да се елиминира дискриминацијата е да се мобилизираат сите фактори во општеството со цел спроведување на основниот концепт на социјална еднаквост, човекови права и демократија, но и превенција и заштита од секаков вид на дискриминација преку целосана имлементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Во таа насока, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Британски совет и граѓанискиот сектор спроведуваат активности во рамките на програма која  е подржана од Европската комисија. Една од целите на оваа програма е покренување на иницијативи за промовирање на концептот на недискриминација преку промоција на  12 општини како примери  за општини без дискриминација. Една од нив е и Општина Штип.

Со цел унапредување на соработката со Британскиот совет, Мисистерството за труд и социјална политика и граѓанскиот сектор, Општина Штип претставувана од градоначалникот д-р Зоран Алексов потпиша меморандум за соработка во кој јасно се дефинирани активностите и обврските на сите учесници во проектот за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

 

Носител на проектот : Британски совет

Партнери за имплементација: proekt za antidikriminacija-17012011-2МТСП, граѓански сектор

Донатор : Европска делегација

Генерална цел  е да се придонесе кон унапредување на заштитата од дискриминација,социјално вклучување и социјални права, вклучувајќи ги и малцинствата, особено Ромите во Македонија.

 

Специфични цели :

  • Создавње на цврста платформа за соработка помеѓу општините, институциите на национално и локално ниво за подобрување на правата на маргинализираните членови на заедници;
  • Јакнење на капацитетите на локалната заедница, општините и граганските организации за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација;
  • Поттикнување на граѓаните, особено на припадници на ранливи и маргинализирани групи и како да се дејствува против дискриминацијата и како да се заштитат.

 

Целни групи:

-          12 локални самоуправи (12 општински Комисии за еднакви можности на жените и мажите и 12 општински координатори за еднакви можности од Струмица, Куманово, Штип, Делчево, Охрид, Дебар, Битола,

-          12 локални НВО – и

-          240 лидери на заедницата (претставници од граѓанските организации и од општинските државни граѓански услуги: социјала, здравство, образование –професионалци и претставници на полицијата.

Проектот директно е поврзан со овие целни групи и се однесува на градење и унапредување на нивната работа.

proekt za antidikriminacija-17012011-3Корисници се ранливи и маргинализирани групи на граѓани на локално ниво во 12 пилот општини коишто најчесто се предмет на дискриминација, посебно во пристапот кон редовното задолжително образование на традиционално пасивните етнички групи (Јуруци и Роми), улогата на жените во руралните области во традиционално пасивни етнички групи (Роми, Јуруци и Торбеши) како и други ранливи групи идентификувани од страна на општинските НВО-и  лидери во 12 пилот општини.

 

Активности и нивната ефикасност :

  • Воспоставување на мрежа за стратешка сорабтка во областа на антидискриминацијата на локалните граѓански организации, општинската и ценралната власт што резултира со потпишувањето на трипартитен меморандум за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
  • Ова ќе се обезбеди со посветеност и отчетност од сите релевантни партии кои се вклучени во имплементацијата на проектот  и ќе придонесе за негова долгорочна одржливост.
  • Проширувње на сегашниот мандат на КЕМ и на локалните координатори за еднакви можности на жените и мажите за третирање на сите основи за дискриминација од ЗСЗД. Користејќи ја веќе поставената структура (мрежа на обучувачи од КЕМ) ќе се постигне рационализација на времето и на ресположливите ресурси. Покрај тоа давајки им водечка улога на оваа мрежа на обучувачи, тие дополнително ќе бидат мотивирани.
  • Тренинг за законската рамка за анти-дискриминација на околу 320 лица од заедницата (НВО, социјалните служби, КЕМ) во 12 општини. Воспоставување на мрежа на обучени лица од невладини организации и од институциите кои ќе бидат клучен фактор во реализирањето на каскадни обуки.
  • Изработа на прирачник за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација (со добри пракси ) наменет за КЕМ, локалните координатори (со анекс од  Законот за поширока употреба). Прирачникот ќе овозможи знаењето за постоењето на законските прописи и нивна имплеметација да биде пренесено на 4000 луѓе и исто така ќе биде достапен и за граѓаните кои не припаѓаат на овие пилот општини.
  • Внесување на овој модел на работа во 12 општини : Струмица, Куманово, Штип, Делчево, Охрид, Дебар, Битола, Неготино, Струга,Теарце, Радовиш и Липково, стратешки избрани поради високота присутност на маргинализираните групи по препорака на Министерствота за труд и социјална политика, Сектор за еднакви можности.
  • Во настаните на ниво на општина ќе бидат вклучени заедно граѓанските организации и претставниците на локалната самоуправа за да се олесни изработката  и развојот на локалните акциони планови. Работата на заеднички иницијативи ќе го помогне во рушењето на бариерите помеѓу различните групи и ќе придонесе за социјална кохезија.
  • Подигањето на свеста за различните форми на дискриминација, како да се заштити од неа со користење на законските инструменти ќе се постигне со помош на спроведување на мини проекти од страна на НВО-и. Овие мини-проекти вклучуваат, но не се ограничени на пристап до образование, социјални услуги и правна помош, како на пр. поттикнување учество на ромските деца во задолжителното образование (посебно во средното образование), тренинг на невработени мајки на возраст под 25 години, а жените жртви на насилство и трговија со луѓе, учество во проекти за подигање на свеста и сл.
  • Изработка на веб-страна за недискриминација и нејзина промоција за пошироката јавност (во Македонија), со фокус на избраните општини
 

Реализацијата на овој проект е особено важна во однос на целите и приоритетите поради :

- Активностите се директно насочени кон поддршка на успешна и ефикасна имплементација. Законот за спречување и заштита од дискриминација, придонесувајќи малцинствата и ранливите групи целосно да ги уживаат нивните права како граѓани и олеснувајќи го нивното вклучување во македонското општество.

- Овој проект ќе ја зајакне улогата на граѓанското опшество во промовирањето на човековите права и демократските реформи и во исто време ќе се заснова на владините реформи (ЗСЗД). Поради тоа што се базира на постоечката легислатива и го подржува, ќе има мотивација од и на државата и граѓанското опшество за да се обезбеди негова успешна имплементацја.

 

Очекувани резултати:

-          Меморандум за соработка помегу МТСП, градоначалниците и невладините организации за имплементација на Законот.

-          Зајакнати капацитети на претставниците на институциите на национално и на локално ниво за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминацијата.

-          Капацитетот и на мандатот на КЕМ и локалните координатори да се прошири и да се однесува на повеќе услови на граѓаните како што се: советување, информации, правна помош за антидискриминација.

-          Капацитетите на граѓанските организации за решавање на злоупотребите извршени против малцинствата и ранливите групи на население да се зголеми.

-          Развивање на практичен модел за ефективна имплементација на закон во 12 пилот општини.

-          Подигање на свеста за ЗСЗД помеѓу институциите на национално и локално ниво како и кај НВО-и

-          КЕМ позитивно влијаат во областа на антидискриминација.

-          Подигната свеста за концептот на антидискриминација и механизмите за заштита помеѓу членовите на маргинализираните (ранливите) групи од населението, а особено во општините со ромско население.

-          Подигната свест за Законот ЗСЗД кај општата популација.

 

Поточно, реализираните активности ќе ја поддржат ефикасната имплементација на неодамна донесената законска регулатива со подигање на свеста на маргинализираните и јакнење на капацитетот на оние што се одговорни за негово спроведување.

 

Влијанието на овој проект ќе се почувствува на многу различни нивоа:

-          Маргинализираните групи како Ромите ќе станат свесни за своите права да бидат вклучени во редовното образование.

-          КЕМ и координаторите ќе бидат овластени да ги третираат сите форми на дискриминација со проширувањето на нивниот мандат.

-          Владата ќе добие препознавање  по донесување на прогресивна законска регулатива за антидискриминација.

 

И покрај тоа што во РМ има законска рамка, дискриминацијата сè уште  е честа појава особено кон помалку образованите лица, малцинствата и ранливите групи на население.

ЗСЗД беше донесен во април 2010 година. Меѓутоа ова не е доволно, па  затоа и овој проект ќе се насочи кон специфичните  проблеми како што се :

-          Недостаток на знаења и разбирање на постоечките закони, ЕУ анти-дискриминаторските закони, како и недостаток на капацитет за ефикасно спроведување на законските механизми за заштита  на граѓаните од сите форми на дискриминација на сите  нивоа:

Ова ги вклучува централната и локалната власт, политичките партии, невладините организации и граѓаните. Народниот правобранител има локални канцеларии во само неколку општини, па оттука и механизмите на ЗСЗД не функционираат ефетивно на локално ниво.

-          Недостаток на ефикасни механизми за спроведување на законодавство:

Непостоењето на механизми и недоволниот капацитет да се дистрибуираат постојаните знаења за новиот ЗСЗД од централно на локалнио ниво. КЕМ и локалните координатори немаат ниту програми ниту конкретни активности во областа на анти-дискриминацијата, а нивната улога не е насочена кон поддршка на граѓаните, поради приоритетите  кои се даваат на другите проблеми, на пр. комуналните проблеми.

-          Недостаток на капацитет на граѓаските организации кои работат во областа на анти-дискриминација:

НВО-и кои се јавуваат главно на локално ниво, активни во областа на анти-дискриминација, немаат доволно свест за различните форми на дискриминација. Тие се фокусираат претежно на дискриминацијата врз основа на пол.  Овие организации работат несистематски и не фклучуваат цела низа на основи на дискриминацијата кои се предвидени во законот. Покрај тоа, оние граѓански организации што работат во областа на човековите права, ранливите групи и родова рамноправност, не се финасиски одржливи и зависат од донаторската помош за нивното функионирање. Па оттука нивните тековни активности не можат да доведат до значајни промени.

-          Недостаток на свеста за различните форми на дискриминација:

Генерално, граѓаните не се информирани за појавите на дискиминација како и за механизмите за заштита тие не знаат каде да се обратат за да ги остварат нивните права загарантирани со закон. Граѓаните имаат ограничен пристап до правобранителите за да ја пријават злоупотребата базирана на дискриминација (не е доволно локалните канцеларии за да се опслужат сите 84 општини. Најранливите групи од населението не се свесни за своите права и затоа не ги бараат.

Како резултат на тоа, малку е веројатно дека состојбата наскоро ќе се промени позитивно, освен ако не се делува на следниве потреби:

  • Разбирање и подигање на јавната свест за сите форми на дискриминација и почитување на соодветната легислатива во сите нивоа на општеството.

 

 
 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Јули 2017
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize