Дома Огласи ЈАВЕН КОНКУРС за избор на директор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ Штип
ЈАВЕН КОНКУРС за избор на директор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ Штип
Вторник, 14 Јануари 2020 14:25

makfest-banerОпштина Штип, во својство на организатор на „Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“ – Штип, распишува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за избор на директор на
Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ Штип
за позицијата:

1. Уметнички директор - 1 извршител

Покрај општите услови утврдени со Закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:

1. Да има соодветно високо образование - факултет/академија за музичка уметност- (ВИИ/1, степен или 180 ЕКТС);
2. Да има над пет (5) години работно искуство во дејноста за која конкурира;
3. Да има менаџерски способности;

Кандидатот за избор на директор на Фестивалот задолжително треба да достави: своја детална Програма за работа и свои видувања за развој на Фестивалот во делот на неговата продукција, како стратегија за наредниот двегодишен период (2020-2021), како и следните документи (оригинал или заверен препис кај нотар):
- пријава со кратка биографија; - мотивациско писмо; - доказ за завршено високо образование; - доказ за работно искуство; - уверение за забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);

Конкурсот трае 10 дена, сметано од денот на објавувањето.
Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Општина Штип преку пошта на адреса: ул.„Васил Главинов” бр. 4 В – 2000 Штип, или директно во Архивата на Општина Штип, (со назнака за Макфест) најдоцна до 15:30 часот, последниот ден од конкурсот.
Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.
Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Јануари 2020
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize