Дома Огласи Конкурс за признание 8.ноември 2017
Конкурс за признание 8.ноември 2017
Петок, 20 Октомври 2017 08:12

opstina-stip-zgrada-4Врз основа на член 6 од Одлуката за востановување на општински награди и признанија („Службен гласник на Општина Штип“ број 16/09), Комисијата за доделување на награди распишува

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА

ПРИЗНАНИЕТО 8 НОЕМВРИ ЗА 2017

•Признанието на Општина Штип се доделува на физички и правни лица од Општина Штип и од Република Македонија како знак на општо признание за особени постигања и придонес во афирмацијата и развојот на градот во областите: стопанство, наука, уметност, образование култура, спорт, хуманост и друго;

•Признанието се доделува и по разни поводи за лични залагања и особен придонес за градот во сите области на општественото живеење во периодот од една година до објавување на Конкурсот;

•Признанието се состои од плакета;

•Право да предлагаат кандидати имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Штип,

•Предлогот мора да е образложен, со приложена кратка биографија. Предлагачите притоа мора да приложат и полна адреса, контакт и назив на седиштето, односно името и адресата.

Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето. Предлозите се доставуваат до Комисијата за доделување на награди на Општина Штип, ул. „Васил Главинов“ 4б , односно во архивата на Општина Штип

КОМИСИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ

НА ОПШТИНА ШТИП

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Ноември 2017
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize