Дома Огласи Увид на сообраќајници во зимски услови
Увид на сообраќајници во зимски услови
Понеделник, 26 Февруари 2018 15:03

soobrakjajnici-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, излезе на увид на состојбите во сообраќајот во градот во зимски услови.

Со паѓањето на првиот снег, дежурните екипи на ЈП „Стипион 2011“ во 16:00 часот излегоа на терен.

На терен излегоа и екипите на ЈП „Исар“.

Согласно Програмата заsoobrakjajnici-2 зимско одржување на територијата на Општина Штип и Оперативниот план за дејствување во зимски услови, екипите делуваа по приоритет на улици и реони со специјалните возила кои претходно беа ставени во состојба на приправност.

Коловозите се посипуваа со абразивен материјал за непречено одвивање на сообраќајот.

До шест часот утринава, интервенирано е со 78 тони абразивни средства по улиците од прв и втор приоритет, односно улицата кон болницата, улиците „Генерал Михајло Апостолски“, „Христијан Карпош“, „Маршал Тито“, улиците кон населбите Сењак, Дузлак и Баби и излезите на градот.

„Би сакал да ги информирам граѓаните дека излеговме во пресрет на две болни дечиња во село Почивало, кадешто е пренасочена машина, со цел да се помогне на овие дечиња,“ информираше градоначалникот Бочварски.

Градоначалникот Бочварски апелираше до граѓаните да ги исчистат своите дворови од снег, за сите да си помогнеме час поскоро градот да ни биде во функција.

soobrakjajnici-3

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Септември 2018
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize