Дома Огласи Јавен повик за давање на користење јавни површини за организирање на панаѓури
Јавен повик за давање на користење јавни површини за организирање на панаѓури
Четврток, 16 Февруари 2017 09:15

opstina stip 3Општината Штип распишува јавен повик за користење на јавни површини за организирање на панаѓури.

Панаѓури може да се организираат во следните термини:

1. Велигденски

2. Петровденски (јули)

3. Есенски (октомври)

4. Новогодишен (декември)

Како површина на која може да се организира панаѓур во град Штип е определен паркингот пред градскиот пазар во Штип на улица Сутјеска, со вкупна површина од 1785 м2, односно:

1. дел 1 (пред сегашната самопослуга на Кит-Го) можат да се постават 5 тезги во должина, со 2м корисен простор пред тезгата или на површина од 60 м2;

2. дел 2, целиот паркинг простор пред пазарот со површина од 1630 м2; и

3. дел 3 (на улица Митко Соколов на земјаниот дел) можат да се постават 8 тезги во должина со 2м корисен простор пред тезгата или вкупна површина од 95 м2.

Правото на користење на јавната површина за организирање на панаѓур ќе се додели по принципот прв дојден - прв услужен.

За да биде одбран за организатор на панаѓур, заинтересираниот кандидат од став 2 на овој член не смее да има заостанати обврски спрема Општината Штип (данок и комунални такси), ниту обврски спрема ЈП„Исар“ по основ на надоместок за јавна чистота.

На организаторот на панаѓур, Општината Штип ќе му издаде решение во кое ќе биде утврдена површината на која ќе се одржува панаѓурот, висината на надоместокот за користење на јавната површина, начинот на плаќање и начинот на користење на јавната површина.

Општината Штип по писмен пат ќе го извести ЈП„Исар“ за тоа кој ќе организира панаѓур и колкава површина ќе му биде одобрена, а ЈП „Исар“ изготвува пресметка на надоместокот за јавна чистота.

Организаторот на панаѓур е должен 20 дена пред одржувањето на панаѓур писмено да ја извести Општината Штип за денот на одржување на панаѓурот.

Општината Штип ќе обезбеди согласност од СВР Штип за изменување на режимот на сообраќај по претходно изработен сообраќаен елаборат од страна на организаторот на панаѓурот.

Организаторот е должен пред добивање на решението, до Општината Штип да достави доказ за платена комунална такса и платен надоместок за јавна чистота најдоцна 10 дена пред одржување на панаѓурот, во спротивно го губи правото на користење на јавната површина.

Заинтересираните субјекти за оранизирање на панаѓур треба да достават пријава до Општината Штип во која ќе наведат кој термин и која површина се заинтересирани да ја користат.

Јавниот повик ќе се објави на веб страницата на Општина Штип и во локалните јавни гласила.

Пријавите се понесуваат во рок од 10 (десет) дена од објавувањето на јавниот повик.

Јавниот повик трае од 14.02.2017 година до 23.02.2017 година.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Септември 2017
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize