Дома Настани
Настани
Заврши Балканскиот шампионат во одбојка нa песок до 22 години
Понеделник, 16 Јули 2018 12:01

Odbojka-01Заврши Балканскиот шампионат во одбојка нa песок до 22 год.

Победник во машка конкуренција е тимот на Молдавија, а во женска конкуренција тимот на БИХ. Честитки до сите учесници за остварените резултати.

Повеќе...
 
Одбележување на денот на загинување на првоборката Вера Циривири – Трена
Недела, 15 Јули 2018 13:40

odbelezuvanje-V.C.Trena-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на одбележување на денот на загинување на првоборката Вера Циривири – Трена. И после 74 години од нејзината смрт, споменот за храброста на оваа народна хероина, но и нејзините идеи за слобода и рамноправност сѐ уште живеат и се вредности коишто го обликуваат нашето секојдневие.

Повеќе...
 
Благодарност до граѓаните за вчерашната прослава
Недела, 15 Јули 2018 13:04

Proslava EU NATO-01Општина Штип и градоначалникот, Благој Бочварски, изразуваат задоволство за вчерашната голема граѓанска прослава која се одржа на плоштад „Слобода“ по повод поканата за влез на Македонија во НАТО и добиениот датум за преговори со ЕУ.

Повеќе...
 
Ждрепка за Балкански шампионат во Бич Волеј
Четврток, 12 Јули 2018 20:56

BeachVolley-zdrepkaДенеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на ждрепката за извлекување на групите за Балканскиот шампионат во Бич Волеј до 22 години, со почеток во 20:00 часот во хотел „Оаза“, кој ќе се одржува на 13, 14 и 15 јули во дворот на СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ Штип.

Повеќе...
 
Прва еколошка акција во старото нервно одделение на Општина Штип и ромската заедница во рамки на програмата РОМАКТЕД од Советот на Европа
Понеделник, 09 Јули 2018 14:27

EkoAkcijaROMACTED-01 resizeНа заедничката работна средба што се одржа на 27.06.2018 година со почеток во 13 часот во Општина Штип учествуваа претставници од Ромската Акциона група од Општина Штип, претставници од Општинската работна група на Општина Штип  и лица задолжени за спроведување на РОМАКТЕД програмата од Советот на Европа.

Повеќе...
 
Координирани акции на јавните претпријатија
Сабота, 07 Јули 2018 13:50

JP akcii-1Денеска се реализираат координирани акции на јавните претпријатија „Стипион“ и „Исар“ во населбата Македонка и кај зградата на старото нервно одделение.

Во населба Македонка се уредуваат јавните површини, се врши санитарна техничка сеча на суви дрвја, се косат зелени површини, се бетонираат улици и се заменуваат улични светилки. Координираната акција во населба Македонка произлезе од барањата кои жителите ги упатија до градоначалникот на реализиранат средба во урбаната заедница.

Повеќе...
 
Поставени десет активни зони за вежбање
Четврток, 05 Јули 2018 12:34

Aktivni zoni-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во реализацијата на проектот за поставување десет активни зони за вежбање. Градоначалникот Бочварски изврши увид во поставената активна зона за вежбање во урбаната заедница Автокоманда, во близина на пинг-понг салата. Една од приоритетните цели на новата локална самоуправа е создавање услови за стекнување и негување здрави навики кај граѓаните преку практикување спортски и рекреативни активности.

Повеќе...
 
Изведба на два нови експлоатациони бушени бунари
Среда, 04 Јули 2018 15:23

Bunari-01Денеска градоначалникот на Општина Штип изврши увид во изведбата на два нови експлоатациони бушени бунари во локалитетот Штипско Езеро, а со цел обезбедување дополнителни количини сирова вода.

Повеќе...
 
Средба со студенти од Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново
Понеделник, 02 Јули 2018 13:29

studenti-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со шест студенти од Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново во својот кабинет. Преку програмата Еразмус за практична програма, студентите од Велико Трново во наредните два месеци ќе претстојуваат во општина Штип како резултат на добрата соработка помеѓу Совет на Млади на Општина Штип и Студентскиот Совет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново.

Повеќе...
 
Одбелeжување 105 години од Брегалничка битка
Недела, 01 Јули 2018 15:07

Bregalnicka bitka-1Денеска беа одбележани 105 години од Брегалничата битка во месноста Каленица во Штип. На одбележувањето присуствуваа претставници од српската амбасада, државниот секретар во Министерството за труд, социјална политика и боречки права при Влада на Република Србија, членови на здруженија, организации и сл.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 6 од 22

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize