Дома Настани
Настани
Градоначалникот во посета на училиштето во с.Шашаварлија и на увид на изградба на патот кон Кошево и Почивало
Вторник, 26 Декември 2017 14:19

kosevo1Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски денес беше во посета на училиштето во с.Шашаварлија. Тој ги посети учениците како дел од пред-новогодишните средби а потоа направи и увид на изградба на патот кон Кошево и Почивало:

Повеќе...
 
Градоначалникот Бочварски во посета на децата со посебни потреби во неколку образовни институции
Понеделник, 25 Декември 2017 13:58

posebni potrebi-1 resizeВо пресрет на Новогодишните празници градоначалникот на Штип, Благој бочаврски ги посети децата со посебни потреби во ОУ „Ванчо Прке“, Дневен центар за деца со аутизам, Дневен центар за деца со посебни потреби (Ново-Село), СДСУ „Искра“.

Повеќе...
 
Градоначалникот во посета на општина Гоце Делчев (Бугарија)
Петок, 22 Декември 2017 13:28

opstina-Goce Delcev-1Вчера делегација на Општина Штип предводена од страна на градоначалникот, Благој Бочварски, оствари посета на Општина Гоце Делчев во соседна Република Бугарија. Градоначалникот Бочварски оствари средба со Владимир Москов, којшто функцијата градоначалник на Гоце Делчев ја извршува 22 години.

Штипската делагација беше запознаена со актуелностите и состојбите во бугарската општина, а се разговараше за идни проекти кои двете Општини треба да ги реализираат заеднички.

Повеќе...
 
Усвоен буџетот на Општина Штип за 2018 година
Четврток, 21 Декември 2017 13:05

opstina-stip-zgrada-4На вчерашната седница на Советот на Општина штип, донесен е и буџетот на локалната самоуправа за идната година.

Вкупниот буџет на Општина Штип за 2018 година е проектиран на сума од 942.425.000 денари, а основниот буџет изнесува 474.595.000 денари. Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата локална власт. На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти коишто ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во нашата општина.

Во буџетот за 2018 година предвидено е реализирање на мноштво капитални проекти. На пример, капиталните инвестиции, коишто се најважен дел за развојот на градот, се позиционирани 180.000.000 денари.

Повеќе...
 
Претставен проектот „Предизвик за млади истражувачи“ во Општина Штип
Среда, 20 Декември 2017 12:38

Obrazovanie-rabotilnica-1Министерството за образование и наука и Фондот за иновации и технолошки развој распишаа јавен повик за финансирање на научно-истражувачки проекти во основните и средните училишта „Предизвик за млади истражувачи“. Овој проект денес во Општина Штип беше претставен на образовните работници од штипските училишта.

Повеќе...
 
Продолжи одбележувањето на Денот на градот Штип - Патрон на „Свети Никола“
Вторник, 19 Декември 2017 09:56

litija-1Општина Штип продолжи со реализација на програмата за одбележување на денот на градот, патронот на „Свети Никола“. Прво беше оддржана Света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Никола“   по што следеше Литија на релација: Соборен храм Св.Никола до градскиот плоштад каде беше извршено кршење на празничниот колач. Празнична беседа оддржа Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион а свое обраќање имаше и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски:

Повеќе...
 
Врачени наградите „19 декември“ и орденот „Свети Никола“ во Штип (ГАЛЕРИЈА)
Вторник, 19 Декември 2017 09:27

SvNikola-1Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски , во пресрет на одбележувањето на Денот на градот „19 декември“ и патрон на Штип „Свети Никола“, ги додели наградите „19 декември“ орденот „Свети Никола“. Највисокото одличје, орденот постхумно го доби починатиот и воедно прв претседател на независна Македонија, Киро Глигоров:

Повеќе...
 
Соопштени добитниците на наградите „19 декември“ – Орденот „Свети Никола“, постхумно за Киро Глигоров
Петок, 15 Декември 2017 08:06

19 dekemvri-dobitnici-1Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски , во прерсет на одбележувањето на Денот на градот „19 декември“ и патрон на Штип „Свети Никола“, денес ги објави имињата на добитниците на наградите и на орденот „Свети Никола“. Највисокото одличје, орденот го доби починатиот и воедно прв претседател на независна Макеоднија, Киро Глигоров:

Повеќе...
 
Градоначалникот имаше средба со американскиот амбасадор Бејли
Среда, 13 Декември 2017 14:51

Bejli1Градоначалникот на Штип, Благој Бочаврски денес имаше средба со Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.Ова е прва посета на американскиот амбасадор на Штип по назначувањето на Бочаврски за градоначалник на Штип.

 

Тие двајцата разговараа за идната соработка со цел понатамошен развој на штип како центар на источна Македонија. По средбата со градоначалникот Бочаврски, амбасадорот Бејли замина на Универзитетот „Гоце Делчев“.

 

Повеќе...
 
Средба на градоначалникот Бочварски со претставници на Невладиниот сектор
Среда, 13 Декември 2017 14:42

NVO-01Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски оддржа прва средба со претставници на Невладините организации. Целта на средбата е да се воспостави соработка и да се разменат мислења околу можностите локалната самоуправа со средства од буџетот да финансира проекти од граѓанскиот и невладиниот сектор:

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 Следно > Крај >>

Страница 22 од 26

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Февруари 2019
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize