Среда, 21 Март 2018 15:56 |
Денеска како дел од активностите поврзани со одбележувањето на обичајот Чет’рсе, се одржа литературно читање во НУБ „Гоце Делчев“ Штип каде што своите творби ги читаа ученици од сите основни училишта во Општина Штип. Станува збор за творби со коишто учениците се пријавуваа на литературниот конкурс, Чет’рсе – навраќање на традицијата, пролетта е радост, потсетување на екологијата. Наградените од овој конкурс ќе бидат обзнанети на утрешниот хепенинг во Дом на Млади, кој започнува во 11:30 часот.
|
Повеќе...
|
|
Среда, 21 Март 2018 15:48 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во својот кабинет ја прими наградата за најпријателски ромски градоначалник, која му беше доделена од страна на членовите на комисијата од ромските граѓански здруженија.
|
Повеќе...
|
Среда, 21 Март 2018 15:26 |
Вчера со одлука на Владата на Република Македонија, Општина Штип доби на трајно користење на градежно земјиште за изградба на детска градинка во населба Сењак 4.
|
Повеќе...
|
Вторник, 20 Март 2018 16:03 |
Денеска се одржа првиот настан од низа настаните по повод дваесет и втори март. Во ОМЦ „Киро Глигоров“ се одржа Еко-Квиз помеѓу основните училишта со почеток во 12:00 часот.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 19 Март 2018 14:28 |
Општина Штип и оваа година го одбележува дваесет и втори март како Ден на пролетта и празникот Свети четириесет маченици, како и обичајот кој меѓу народот е познат како Чет’рсе.
Станува збор за првиот македонски обичај кој влезе на светската листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство.
|
Повеќе...
|
Петок, 16 Март 2018 15:08 |
Денеска, 16.03.2018 г. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски со 34 поени е избран за најпријателски ромски градоначалник. Општина Штип се промовира како најпријателска ромска Општина помеѓу останатите Општини кои учествуваа од земјите од Западен Балкан и Турција. |
Петок, 16 Март 2018 14:34 |
Денеска се одржа јавна презентација и јавна дебата за локалитетот Боров Дол организирана од страна на Министерство за транспорт и врски и Министерство за животна средина и просторно планирање во големата сала во Општина Штип со почеток во 11:00 часот.
|
Повеќе...
|
Среда, 14 Март 2018 12:58 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ја промовираше мерката за бесплатен престој на деца на самохрани родители во детските градинки, која беше дел од предизборните ветувања.
|
Повеќе...
|
Недела, 11 Март 2018 13:00 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски учествуваше во одбележувањето на 75 годишнината од депортацијата на штипските Евреи во фашистичките логори. На одбележувањето присуствуваа претставник од Еврејската заедница, г-дин Пепо Леви, д-р Кирил Барбареев, проф. Марија Иванова, градскиот хор „Штип“ под диригенство на м-р Ивана Ѓурѓевиќ, владината и собраниската делегација.
|
Повеќе...
|
Петок, 09 Март 2018 13:19 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на свеченост по повод потпишување на договори за доделување грантови од Јапонија. Амбасадорката на Јапонија, Кеико ханеда, потпиша договори во вредност од 428.000 евра со девет јавни институции од Македонија.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
Страница 3 од 22 |