Дома Настани
Настани
Градежни активности во населба „Сењак“ кај објект Луна Комерц
Четврток, 26 Јули 2018 12:39

SenjakLunaKomerc-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности во УЕ 36 во населба „Сењак“ кај објектот Луна Комерц. По тампонирањето ќе се започне со асфалтирање на овие улици со вкупна површина од 2800 м2. Изведувач на оваа инвестиција ќе биде економскиот оператор ВЕ-ГРУПА ДООЕЛ, а инвестицијата ќе чини 4.869.816,00 денари со вклучено ДДВ.

Повеќе...
 
Увид во градежни активности на игралиште во населба Блок 70
Среда, 25 Јули 2018 11:59

IgralisteBlok70-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности на игралиштето во населба Блок 70. 

Повеќе...
 
Свечено отворање спомен соба на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров
Четврток, 19 Јули 2018 10:15

OMC KGligorov01Вчера свечено беше отворена спомен соба на првиот претседател на Република Македонија, нашиот сограѓанин, Киро Глигоров. На отворањето на спомен собата му претходеше пригодна церемонија, на која, покрај градоначалникот на Општина Штип, присуствуваа и претседателот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев, ќерката на претседателот Глигоров, Донка Глигорова, како и повеќе членови на семејството на претседателот, некогашниот шеф на кабинет на претседателот Глигоров, Живко Кондев, како и повеќе членови на неговиот кабинет, дипломатот Виктор Габер и други соработници на првиот претседател на нашата земја.

Повеќе...
 
Поздравен говор, Отворање спомен-соба за првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров
Среда, 18 Јули 2018 14:39

Почитуван претседател на Влада на Република Македонија, господин Зоран Заев,
Почитувана госпоѓа Донка Глигорова, ќерка на претседателот Глигоров,
Почитуван и министри и заменици-министри во Влада на Република Македонија,
Почитуван претседател на Совет на Општина Штип, господин Јане Миланов,
Почитувани советници,
Почитувани присутни,

Денеска е голем ден за Штип. Денеска Штип и штипјани му ја оддаваат должната почит на својот сограѓанин и татко на нацијата, првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

Повеќе...
 
Најава на отворање спомен соба на К. Глигоров
Вторник, 17 Јули 2018 10:24

opstina zgrada-2 resizeПочитувани,

Би сакале преку оваа изјава за медиуми да ги известиме сите наши сограѓани дека утре, на 18 јули, со почеток во 12:00 часот во ОМЦ „Киро Глигоров“ ќе биде свеченото отворање на спомен собата на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

Повеќе...
 
Заврши Балканскиот шампионат во одбојка нa песок до 22 години
Понеделник, 16 Јули 2018 12:01

Odbojka-01Заврши Балканскиот шампионат во одбојка нa песок до 22 год.

Победник во машка конкуренција е тимот на Молдавија, а во женска конкуренција тимот на БИХ. Честитки до сите учесници за остварените резултати.

Повеќе...
 
Одбележување на денот на загинување на првоборката Вера Циривири – Трена
Недела, 15 Јули 2018 13:40

odbelezuvanje-V.C.Trena-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на одбележување на денот на загинување на првоборката Вера Циривири – Трена. И после 74 години од нејзината смрт, споменот за храброста на оваа народна хероина, но и нејзините идеи за слобода и рамноправност сѐ уште живеат и се вредности коишто го обликуваат нашето секојдневие.

Повеќе...
 
Благодарност до граѓаните за вчерашната прослава
Недела, 15 Јули 2018 13:04

Proslava EU NATO-01Општина Штип и градоначалникот, Благој Бочварски, изразуваат задоволство за вчерашната голема граѓанска прослава која се одржа на плоштад „Слобода“ по повод поканата за влез на Македонија во НАТО и добиениот датум за преговори со ЕУ.

Повеќе...
 
Ждрепка за Балкански шампионат во Бич Волеј
Четврток, 12 Јули 2018 20:56

BeachVolley-zdrepkaДенеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на ждрепката за извлекување на групите за Балканскиот шампионат во Бич Волеј до 22 години, со почеток во 20:00 часот во хотел „Оаза“, кој ќе се одржува на 13, 14 и 15 јули во дворот на СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ Штип.

Повеќе...
 
Прва еколошка акција во старото нервно одделение на Општина Штип и ромската заедница во рамки на програмата РОМАКТЕД од Советот на Европа
Понеделник, 09 Јули 2018 14:27

EkoAkcijaROMACTED-01 resizeНа заедничката работна средба што се одржа на 27.06.2018 година со почеток во 13 часот во Општина Штип учествуваа претставници од Ромската Акциона група од Општина Штип, претставници од Општинската работна група на Општина Штип  и лица задолжени за спроведување на РОМАКТЕД програмата од Советот на Европа.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Страница 20 од 36

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Октомври 2019
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize