Дома Настани Одлука за доделување признание „8 ноември“ за 2020 година
Одлука за доделување признание „8 ноември“ за 2020 година
Петок, 06 Ноември 2020 15:53

Odluka-Priznanie-8NoemvriДенеска се одржа 41 седница на Совет на Општина Штип, online со 6 точки на дневен ред, меѓу кои и точката за доделување признание „8 ноември“ за 2020 година.

На оваа седница советниците од Совет на Општина Штип едногласно донесоа одлука признанието „8 ноември“ за 2020 година да се додели на:

-      Д-р Трајче Стојанов – професор по филозофија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, за постигнувања во сферата од образованието и науката,

-      Елена Голомеова – оперска певица, за исклучителен придонес за афирмирањето на Штип во светот како уметник,

-      ТППЕ Штип (Територијална противпожарна единица), по повод 100 години пожарникарство и исклучителен придонес во противпожарната заштита на Штип, и

-      Инвективно одделение при Клиничка Болница – Штип, за несебичната борба за заштита на здравјето на граѓаните во услови на пандемија од Ковид 19.

Во недела, 08.11.2020 г., по повод 76 години од ослободувањето на Штип, ќе има настан кај споменикот на револуцијата на тврдината Исар, со почеток од 10:00 часот, а потоа ќе се одржи Свечена седница на Совет на Општина Штип на апликацијата zoom, со почеток од 11:00 часот.

Во прилог на оваа порака се поканите за 08.11.2020 г.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2020
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize