Дома Настани Увид во активности за реконструкција на сала во СОУ „Коле Нехтенин“
Увид во активности за реконструкција на сала во СОУ „Коле Нехтенин“
Понеделник, 26 Октомври 2020 12:39

Sala-SOUKoleNehtenin-01В.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со директорот на СОУ „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов извршија увид во работните активности за реконструкција на спортската зала во СОУ „Коле Нехтенин“.

После подолг период започнати се работни активности кои опфаќаат замена на под, замена на прозори и ново осветлување на спортската сала во средното училиште Коле Нехтенин.

„Задоволен сум од динамиката на работните активности за целосна реконструкција на оваа спортска сала.

Како градоначалник но и како професор кој потекнува од ова училиште ја знам потребата од овој зафат.

Се работи за инвестиција од околу 7,5 милиони денари и површина од околу 1100 метри квадратни,“ истакна Миланов.

Директорот Павлов потенцираше дека после подолг период средното училиште ќе добие нова сала, секако во корист на сите спортисти.

За оваа година ова е трета ваква инвестиција од поголем обем, односно по реконструкцијата на котелот за греење, кровот на училиштето, во тек е и реконструкција на спортската сала.

Sala-SOUKoleNehtenin-02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2020
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize