Дома Настани Посета на Претседателот Пендаровски на настанот Текстилијада
Посета на Претседателот Пендаровски на настанот Текстилијада
Понеделник, 19 Октомври 2020 09:44

Pendarovski-Tekstilijada-01Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски беше во посета на Општина Штип, по повод настанот „Текстилијада“ во организација на Здружението „Гласен текстилец“.

В.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со Претседателот Пендаровски, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева беа на отворање на споменик во чест на работниците и работничките и нивните права кој е поставен во паркот Кртеке.

„Пандемијата ни го донесе огромниот предизвик на здравствената криза која навлезе во сите општествени сфери и ги промени нашите животи од корен. За жал, пандемијата придонесе и за продлабочување на постојните, недозволено долго време присутни нееднаквости во различни области и на различни нивоа, а особено негативно се одрази на преработувачката индустрија, како што се текстилната и кожарската, каде се бележи значаен пад на бројот на ангажирани работници, но, и не мали  регистрирани прекршувања на работничките права

Pendarovski-Tekstilijada-02

Јас токму во тоа ја гледам важноста и потребата од Текстилијадата, се разбира, паралелно со секојдневниот ангажман на граѓанските организации, активистките и активистите и сите оние кои работат на заштитата и унапредувањето на работничките права во земјава,“ истакна Претседателот Пендаровски.

В.д. Градоначалникот на Општина Штип, Миланов истакна дека текстилната и кожарската индустрија во истокот се движечката сила на економијата во сите градови.

„Улогата на локалната самоуправа е да создава поволни услови за отворање на нови работни места и раст на економијата во градот. Само поволна бизнис-клима може да привлече и здрави инвеститори кои ќе придонесат раст и развој на општините,“ истакна Миланов.

Pendarovski-Tekstilijada-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2020
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize